• Latest

Заменикот министер Хасани на 14. Регионален состанок за механизмите на родова еднаквост во вооружените сили на Западен Балкан

April 12, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заменикот министер Хасани на 14. Регионален состанок за механизмите на родова еднаквост во вооружените сили на Западен Балкан

April 12, 2022 14:17
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот министер за одбрана, Башким Хасани денеска обрати на отворањето на 14. Регионален состанок за механизмите на родова еднаквост во Министерствата за одбрана и во вооружените сили во Западен Балкан во организација на UNDP SEESAC (Клириншката куќа за контрола на малото и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа), пренесува прес службата на Министерството.

Хасани во своето обраќање истакна дека денешниот регионален состанок е потврда за заедничката волја и посветеност на министерствата за одбрана на Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и на Северна Македонија за натамошно унапредување на родовата перспектива во вооружените сили.
„Се фокусираме на поцврста родова интеграција во безбедносниот сектор, за заедно да ги продолжиме промените и најважно од се, да одиме напред во заедничка акција. Денес, после 10 години успешни иницијативи и активности во рамки на проектот, слободно може да се пофалиме со постигнати резултати во повеќе сегменти. Тоа ни го потврди Втората регионална студија со која го измеривме напредокот кон порамноправна положба на жените во министерствата и армиите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора“, рече Хасани.

Заменикот министер додаде дека високата родова свест кај вработените е меѓу другото и благодарение на поддршката од UNDP SEESAC во спроведувањето на планираните активности. Хасани ја потенцира видливата застапеност на жените во Армијата чиј процент во последните 10 години е двојно зголемен односно сега изнесува 10,15%, при што процентот на жени офицери сега е 16,54%, а жени на раководителки на сектори во Министерството за одбрана е 39%.
„Во насока на исполнување на условите за поставување на жени на командни позиции, Министерството обезбеди високи школувања за жени офицери од Армијата на Школата за национална одбрана и 7 жени офицери со завршена Командно штабна академија. Но, сепак не застануваме. Продолжуваме понатаму. Имаме поставено уште повисоки цели преку примена на глобалната агенда за „Жени, мир и безбедност“, кои се опфатени во Вториот Национален акциски план“ порача Хасани.

На денешното отворање на 14. Регионален состанок се обратија амбасадорот на Словачката Република, Хенрик Маркуш и раководителката на UNDP SEESAC, Бојана Балон. На овој дводневен состанок учествуваат претставници од Министерствата за одбрана и вооружените сили на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и од нашата земја.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ