• Latest

ЕУ: Да се спречи нова криза на глад и миграција во светот

April 12, 2022

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУ: Да се спречи нова криза на глад и миграција во светот

April 12, 2022 20:33
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија и Франција како претседавач со ЕУ покренаа иницијатива за итна мобилизација со цел соочување со последиците што војната во Украина ќе ги има врз светските пазари за храна.

Европскиот план се заснова на зајакнување на земјоделското производство, стабилизирање на пазарот и трговијата со храна, како и меѓународната солидарност, а треба да се дефинира до крајот на јуни за да се спречи евентуална нова криза со глад во светот.

– Руската агресија врз Украина ја предизвика најголемата хуманитарна криза на европскиот континент од Втората светска војна, а нејзиното негативно влијание ги надминува границите на европскиот континент, изјави еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич.

Светската програма за храна на ОН предупреди дека светот се соочува со комбинација на три големи кризи почнувајќи од војната во Украина, преку климатските потреси, до економските последици од пандемијата на Ковид, што доведува до зголемување на цените, недостиг на храна и можна нова глобална криза поради глад и големи миграции од Северна Африка и Блискиот Исток.

Тие додаваат дека уште пред војната во Украина имале јаз меѓу средствата со кои располагале и потребата од храна за најсиромашните ширум светот и дека тој јаз, со поскапувањето на енергијата и храната, сега скокна на речиси девет милијарди долари.

Извршниот директор на Програмата за храна на ОН Дејвид Бејзли вели дека оваа година украинските земјоделци, кои произведуваат доволно храна за 400 милиони луѓе ширум планетата, се на боиштата, така што земјата ќе остане необработена, а минатогодишните резерви до 30 милиони тони жито беа блокирани во Црното Море.

– Исклучително е важно Франција и ЕУ да го преземат водството со цел да се неутрализира недостигот на житарки што нема да се произведат во Украина. Последното нешто што ни треба е да добиеме милиони и милиони мигранти кои бегаат од Северна Африка и Блискиот Исток поради глад, покрај четирите до пет милиони луѓе кои бегаат од војната во Украина. Последно што сакаме е да земеме храна од гладните деца во Африка и да им ја дадеме на гладните деца во Украина, или да ја земеме од украинските деца и да им ја дадеме на децата во Авганистан, рече Бејзли.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан подвлече дека руската инвазија врз Украина, како „најголема житница на светот“, доведе до ризик во снабдувањето со храна, „а на тоа не придонесоа европските санкции кои дополнително без воведени“.

Тој нагласи дека во следните неколку месеци е неопходно да се изнајдат решенија меѓу државите, меѓународните организации и донаторите за да се обезбедат доволни количества храна по пристапни цени и без нарушување на пазарите на жито, за да се спречат можните последици како глад, дестабилизација и миграција.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ