• Latest

Штрајкот продолжува, СОНК чека понуда во преговорите за повисоки плати во образованието

April 14, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Штрајкот продолжува, СОНК чека понуда во преговорите за повисоки плати во образованието

April 14, 2022 08:49
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Штрајкот во образованието продолжува и во наредните денови, а продолжуваат и преговорите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) со Министерството за образование и  наука (МОН). Членовите на СОНК во училиштата и детските градинки од понеделникот се во штрајк, поради барањето за зголемување на платите, пренесува МИА.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека очекуваат до вечерва односно утре до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука и да има време да се објави дека од понеделник ќе продолжи наставата или, како што рече, ќе кажат дека нема решение и Советот не ќе може да ја смени одлуката затоа што членството не ја прифаќа понудата и ќе мора да продолжи штрајкот.

Тој апелира што побрзо да се дојде до решение и да се врати нормалниот тек во училиштата и во градинките.

На прашањето која е црвената линија што членството односно СОНК може да си ја дозволи за да може штрајкот да сопре, Неделков нагласи дека не разговарале за црвена линија меѓутоа тоа не значи, подвлече, дека под 18,4 проценти нема ништо да прифатат.

– Колку ќе прифатиме, многу зависи од тоа колку ќе ни понудат. Ако биде симболично, тоа членството ќе го препознае и ќе сфати дека тоа е несериозен предлог, рече меѓу другото претседателот на СОНК синоќа во дневникот на Сител.

Неделков повтори дека продолжуваат преговорите со МОН, а за прекин на штрајкот и почеток на наставата, треба да одлучи членството само врз основа на конкретен предлог што би го прифатиле мнозинството од членовите на Синдикатот.

Синдикатот бара платите на вработените веднаш да бидат зголемени за 18,4 отсто согласно со порастот на минималната плата која од овој месец е 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Линеарното зголемување на платите на национално ниво што го предлага Сојузот на синдикати, за СОНК, како што рече Неделков, е неприфатлив и паушален предлог.

Претседателот на СОНК изрази оптимизам вчера пред средбата со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на која се разговарало на повеќе теми за образовниот систем и за зголемување на платите, а по средбата информира дека не добиле конкретно ветување за висината на процентот за зголемени плати.

Министерот Шаќири на средбата истакнал дека се подготвени да го продолжат дијалогот, но без условувања и нереални барања, кои само ги отежнуваат преговорите.

За Шаќири, одлуката на СОНК за организирање генерален штрајк во образованието не само што не го надминува предизвикот, туку напротив, создава повеќе дополнителни проблеми. Тој апелираше до раководство на синдикатот да ја промени политиката на изразување незадоволство на ваков начин и да му даде можност на социјалниот дијалог.

– И вие како синдикална организација и ние како институции знаеме дека тоа е најдобрата опција за надминување на секоја ситуација во која постојат несогласувања, истакнал министерот за образование и наука Шаќири на состанокот со претставниците на СОНК.

На средбата, како што информираше претседателот на СОНК, повеќе се разговарало за тоа кога ќе продолжи наставата, како ќе се надополнат часовите и кои се последиците од штрајкот.

Министерот Шаќири, како што изјави Неделков по средбата, подвлекол дека ќе има зголемување на платите и дека се прават максимални напори од другите министерства да се пренасочат средства.

– Неговото уверување беше дека ќе има, меѓутоа и самиот не знае колку ќе има и затоа ниту тој сакаше да шпекулира, ниту ние не знаеме за колку средства се работи, изјави Неделков.

Според министерот Шаќири, секој нереализиран наставен ден поради штрајкот, значи продолжување на наставната година по 9-ти јуни.

– Ситуацијата би предизвикала и пролонгирање на сите претходно утврдени рокови за полагање на училишна матура, за уписи во средни училишта, но и во високообразовните установи во земјата и во странство. Исто така, неработењето на училиштата го оневозможува правото на околу 500 наставници да полагаат стручен испит како основа за понатамошно вработување на неопределено работно време, потенцирал министерот.

Во однос на надоместувањето на загубените денови во наставата во училиштата и одложувањето на сите рокови, уписи во средно и во високото образование, матури, после 10 јуни, според СОНК, тоа е цената што ја плаќаат и едната и другата страна и затоа не е потребно „тактизирање“. Според претседателот на СОНК, има повеќе варијанти, но најсоодветно решение е да нема продолжување на учебната година затоа што учениците не се виновни за ситуацијата.

И вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи вчера од Охрид го повика СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса, бидејќи децата ја плаќаат највисоката цена.

– Преговорите со СОНК се таму каде што беа пред да започне штрајкот. Еве денеска ќе ги повикам. СОНК ја прати пораката. За жал, децата се тие коишто ја плаќаат највисоката цена. Сметам дека СОНК би требало да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса со сите други чинители и социјални партнери, изјави Битиќи по посетата на компанијата „Костел“ во Охрид.

– Од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца вчера воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените. Односно, во штрајк се околу 45 проценти од вкупниот број на вработени од установите каде што се штрајкува, информираа вчера од Министерството за труд и социјална политика.

Согласно податоците на Министерството кои се ажурираат на дневна основа, се бележи пораст од 30 проценти на згрижени деца во градинките за разлика од претходниот ден.

Министерството за труд и социјална политика наведе дека до инспекциската служба досега не е пристигната никаква поплака од страна на штрајкувачките одбори за попречување во одвивањето на штрајкот во предучилишните установи.

Владата и Министерството за труд и социјална политика остануваат на ставот дека социјалниот дијалог мора да продолжи се до изнаоѓање на заедничко соодветно решение, ставајќи ги интересите на децата на прво место, со цел да не се наруши згрижувачко – воспитниот процес.

Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани, повика да се најде неопходен консензус за да се избегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата. Во допис до медиумите вчера соопшти дека УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение што ќе ги стави децата на прво место и што нема да доведе до дополнителен продолжен прекин на наставата во училиштата.

– Вработените во образовниот сектор, исто како и сите други работници, имаат право да ги заштитат своите работнички права со штрајк. Во исто време, децата во Северна Македонија не можат да си дозволат дополнителен прекин на наставата и учењето. Мора да се изнајде брзо решение кое ќе им одговара на сите страни, а особено на децата, истакнува ДиЏовани.

Таа укажува дека Северна Македонија веќе подолго време се соочува со криза во образованието и  повеќе од половина од сите ученици на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки. Покрај тоа што училиштата беа затворени за настава со физичко присуство 54 недели поради пандемијата, вели таа, оваа година децата пропуштија дополнителни две недели од образовниот процес поради одложениот почеток на училишната година.

– УНИЦЕФ ги повикува сите инволвирани во преговорите брзо да дојдат до неопходен консензус за да се одбегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата во земјата. Решението треба да биде во духот на тековните реформи во образованието и треба да предвиди пошироки структурни промени кои ќе овозможат остварување на правото на децата за пристап до квалитетно и инклузивно образование, вели Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ