• Latest
Павлина Бучевска, професорка по информатика, ПСУ Алгоритам/Фото: Д. Муратов

Бучевска: Гимназијата Алгоритам ги мотивира младите да придонесат кон општественото добро

April 18, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Бучевска: Гимназијата Алгоритам ги мотивира младите да придонесат кон општественото добро

April 18, 2022 11:26
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Павлина Бучевска, професорка по информатика, ПСУ Алгоритам/Фото: Д. Муратов

Павлина Бучевска, професорка по информатика, ПСУ Алгоритам/Фото: Д. Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

„Гимназија Алгоритам е акредитирано приватно средно училиште кое постои 14 години. Јас бев ученик во Гимназијата, а сега сум професор по информатика. Од самиот старт Алгоритам е првата гимназија која има дигитализирани материјали. Се работи сѐ на компјутер и се работи според финска методологија“, вели Павлина Бучевска, професорка по информатика во ПСУ Алгоритам со која разговаравме за нивните активности во областа на мултикултурализмот и екологијата.

„Нашето училиште беше одбрано за едно од 60-те училишта од Западен Балкан да биде дел од програмата „Super schools“ што ќе се одвива во наредните пет години. Ние имаме размена со ученици од ПСУ „Старт“ од Нови Сад, Србија. Изминатата недела беше првиот дел од размената, учениците од Нови Сад дојдоа овде и имавме најразлични работилници за интеркултурен дијалог. Исто така, правеа сапуни. Гледаме да имаме што повеќе проекти со практична настава на учениците, па така сакавме да биде и општествено одговорен проект и да направиме сапуни што учениците потоа ги донираа во хуманитарни организации, како што е Црвен Крст. Вториот дел од проектот ќе биде изработка на веб страница за учење на знаковен јазик и брајова азбука, а ќе биде преведена на македонски, српски, албански и англиски јазик“, вели Бучевска.

„Алгоритам е првата гимназија  што го спроведува европскиот Зелен договор. Минатата година направивме иницијатива за собирање електронски отпад заедно со „Агенда 21“. Оваа година продолжуваме со акцијата со организацијата „0 отпад“. Заедно со „Europe house“ и „Go Green“ се одржаа работилници на тема чист воздух. Во Градскиот парк одржавме настан, каде учениците делеа картички со семиња за садење, поставуваа прашања до случајните минувачи и ги едуцираа на тема чист воздух. Направија и еколошка химна, а нивните идеи како да се подобри воздухот ќе бидат презентирани на 21 април пред Делегација на ЕУ и градоначалничката на Град Скопје“, објасни Бучевска.

Таа им порача на сите млади што допрва треба да се запишуваат во средно училиште, дека Гимназијата Алгоритам им помага да се изградат како млади луѓе, индивидуи што ќе помогнат во градење на самото општество. Сите заинтересирани можат да ја посетат Гимназијата во било кое време да ја осетат атмосферата.

Дополнително, учениците од Алгоритам се дел од „Предизвик за млади“ со поддршка од ФИТР, а има и три активни конкурси за основци и средношколци. Едниот е во соработка со „Europe House“ на тема „Ехо за еко“, тестирање по математика и англиски јазик и конкурс за натпревар меѓу основците по информатика.

Б. Јордановска

Камера: Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ