• Latest
Војо Маневски

Шарлаган

April 19, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шарлаган

April 19, 2022 12:19
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Деновиве секој втор наслов во медиумите е поврзан со маслото за јадење. Во продавниците го нема, поскапен е за 30%, се крие во магацините на маркетите и слични податоци, кoи ја надополнуваат веќе постоечката паника околу недостатокот на продукти за исхрана. И ете така еден продукт кој го забележувавме кога требаше да се стави во салатата или кога загорува на тавчето со јајца, стана главен предмет на дискусија. Комшиското гранапче стана простор за разменување на информации за состојбата со зејтинот на националната сцена. Цената е повисока, ама нужен е за исхраната. Расправиите се секојдневни и сѐ си мислам, ако државата воведе правило за купување на само по едно или две литри зејтин, маркетите ќе мора да направат измени на ентериерот.

„Лево покрај оградата имате зејтин. Можете да купите само по два литри без разлика кој бренд ќе го одберете, на каса не донесувајте повеќе литри, зошто фискалната не дозволува да се наплатат“.

Времешните мои комшивки со двојна диоптрија ќе се намачат да ги прочитаат имињата на пластичните шишиња, ако од дома им е наредено токму тој зејтин да биде купен.

– УУУ oган да го изгоре, како ли се викаше! Дете а бе тој зејтинот што го купува снаата кој беше?

Се разбира најголемиот дел од младите домаќинки не купуваат од гранапчето во нашето маало, зошто тоа го прават во големите маркети и молови, каде со големи колички се шетаат и се дружат на шопинг, како што модерно се нарекува безделничењето. А и зошто да купуваат зејтин кога со години читаат дека тој не е добар за крвните садови, од него се лепеле мастите на нивните ѕидови, а плус се добива вишок на килограми. Фигурата е императив секако. Маслиново масло е за салата и има модерен вкус и нутриционистите го препорачуваат. Сцената во домовите во светло на стравот за зејтин е различна. Таму каде се млади домаќините, дискусијата се сведува на констатација на остварените цели околу купувањето на дефицитарниот продукт. Меѓу следењето на социјалните мрежи на телефонот се разменуваат кратки и подолги реплики и контра реплики.

– Колку литри ти денес набави или немаше време да навратиш во маркетите? Се кладам дека од едно литро не си донел повеќе. Се чекаш јас да направам, а да те прашам дали има пиво на рафтовите ќе ми изрекламираш цела листа на брендови со детален број на количините.

– Е види ја Карлеуша, пак се сликала со фудбалерот! Бре да се нема никаков став за врската. А што велиш две литри си донел? Е да знаеш јас не сакав да купам поради продавачката во маркетот. Она на мене ќе ми наредува колку литри смеам да купам, а гледам на Фејсбук другарка ми од истото место купила три литри. И после зошто сме незадоволни од државата, да се нема ред ниту во маркетите, сите ќе си отидат од овде. И слушај ако те праша некој од моите другарки да си кажал дека имаме десеттина литри што си ги добил преку рака. На твоите ни литар да не си дал, ако најдеш едно две литри утре остави ги за мајка ми таа оваа недела ќе ни спрема ручеци, нема смисла да дава зејтин од неа.

– Бре види ги овие од општината службеничките каде и да седнат веднаш се сликаат за Фејсбук. Лесно им е ништо не работат само седат по кафиќите. Една две слики неделно е разбирливо да се стават на Фејсбук, ама секој ден е навистина малограѓанштина.

– А ти и не ме слушаш само гледаш во телефонот. Ајде стави да се подгрее ручекот што го испратила мајка ми, салата јас ќе ставам, купив во маркет. Семејната дебата се прекинува и со договорот каде да се стават литрите зејтин, а да не сметаат на фенг шуи распоредот. Проблем е кога се изнесат на терасата, па се помешаат со пивата или домашната жолта, што таму одмараат во зимскиот период. Некогаш невниманието може да донесе штети по едниот или другиот продукт. Така во денешнината зејтинот стигнува на положба во секојдневниот живот за која може само да сонува во редовна состојба.

Бројната пензионерска популација има друга динамика на разговорот за зејтинот. Додека се потпржува манџата се води есап за денешната акција за купување на маслото за јадење.

– Поминав до центарот, па до Туш, па до КАМ и кај маркетот до пазарот. Купив секаде по едно литро и со вчерашните три литри имаме сега шест литри на залиха. Да бев по пензијата ќе купив уште три литри, ама вака не смеев да ризикувам. Ако дадат децата некој денар ќе поминам и утре еден круг и ќе се снабдиме за овој месец.

– Остави ги децата знаеш ли колку трошоци имаат, доста се овие шест литри! Ние со маст ќе си зготвиме, имам цело тенџере во подрумот. Ти ставај по малку во салатата шарлаган и се ќе биде во ред. Две ракии пред ручек ти се доволни и што мора со зелена салата кога имаме од туршијата уште, ај неа прво да ја изедеме. Децата не јадат од неа остави го зејтинот за нив.

– Еее, шарлаган велиш а? Не бабо, ова денес е рафинирано масло што прска кога пржиш пиперки, вода има во него сигурно. А некогаш шарлаган јадевме, ладно цеден од сончоглед. Кога треба да намрсиш една минута чекаш да капне од шишето. Само неколку капки и салатата е намрсена, а само се лизга низ грлото.

– Да, да посебно кога и помагаш со домашна ракија. Море што си ти, те знам половина век! Ај сега сипи и на мене една со туршијава, добро ми успеа оваа година. Да ручаме, па однеси и на децата од ручекот, ќе се приберат дотогаш. Децата од училиште да ги земеш, а јас ќе им направам специјалитет. Лепче со маст и црвен пипер одозгора. Како го јадат да знаеш, само ти катанец на устата за тоа. Немој случајно да разберат мајка им и татко им, кој ќе слуша предавање за штетноста на таквата храна.

– Ај да сме живи и здрави и да мислиш каде зејтинот ќе го сместиш во подрумот. Такво време дојде не е сѐ за туѓи очи. Ќе помогне ли Владата да се задоволат потребите од зејтин сѐ уште не е сигурно. Не само да набават зејтин, туку и да го сторат тоа што побргу, зошто негативните последици по стабилноста на општеството и семејствата може да се големи. Само да внимаваме сите, зошто зејтинот и шарлаганот кога се истурат се опасни. Може на нив да се лизнат многу работи.

Ми паѓа на ум една песна што се пееше пред добар број години.

„Штрк, штрк балабан, полна пушка шарлаган“. Се обидувам да го дешифрирам значењето на стиховите, ама немам време морам во потрага по зејтин, шарлаганот го заборавивме.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ