• Latest

Годишен извештај на Омбудсманот: Има позитивни чекори во инклузијата на децата со попречености, напорите не треба да запрат

April 19, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Годишен извештај на Омбудсманот: Има позитивни чекори во инклузијата на децата со попречености, напорите не треба да запрат

April 19, 2022 15:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Годишниот извештај за слобода и права на граѓаните, заштитата на детски права е втора област по најголем број претставки за повреда на правата, а областа образование е една од најранливите категории, соопшти народниот правобранител Насер Зибери на отворањето на тркалезната маса „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“, пренесува МИА.

-Во последните две години се чувствува пораст на претставки за повреда на правата на децата од повеќе причини – прво, пандемијата ограничи многу права, па и физичкото присуство на децата во образованието, но и недоволен пристап и капацитет на установите за остварување на правата на децата, особено на децата со попреченост. МОН лани со Концепцијата воведе многу новини, како дигиталните учебници, која од друга страна отвори други проблеми во однос на снабденоста на училиштата со уреди за настава со дигитални учебници. Тука се и проблемите со остварување на материјалните права на децата, особено на тие со попреченост и од тие причини годинава заштитата на правата на децата имаше пораст на претставки и пораст на повреди во оваа област, изјави народниот правобранител.

Во воведното излагање тој посочи дека има извесни позитивни чекори и напори на државата, особено со Законот за основно образование од 2019 година и операционализација на член 24 од Конвенција за заштита на лица со попреченост, но напорите, нагласи Зибери, не треба  да застанат тука и измени треба да има и во законите за средно и за високо образование.

-Донесувањето Закон за основно образование обезбедува инклузија на сите деца во основно, но во пракса постојат и сериозни проблеми. Значителен број основни училишта се непристапни за децата со попреченост, наставниот кадар често не е доволно сензибилизиран и доволно обучен за работа со овие деца и реализација на наставата. Во одредени  основни училишта нема специјални едуктори и рехабилитатори во стручните служби, некаде не постои добра клима за инклузија на овие деца, а примерот што го имавме во училиштето во Гостивар, за жал, најпластично ја одразува таа состојба, истакна  Зибери.

За да се унапреди состојбата, рече тој, треба да се отстранат бариерите во училиштата, а тоа значи зајакнување капацитетот на образовниот систем за да се овозможи еднаков пристап за сите ученици односно децата со попреченост да не се исклучени од бесплатно основно образование кое ќе го добијат во местата каде што живеат.

Во изминатиот период институцијата што ја предводи има направено повеќе евалуации за правата на овие деца, подготвени се и објавени извештаи и препораки до надлежните органи во насока на унапредување на инклузивно образование кое, како што рече, е одредба на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост која нашата држава ја ратификуваше во 2011 со што се обврза да го признае нивното право за образование без дискриминација.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири соопшти дека во редовно образование во основните училишта се вклучени 911 ученици со посебни образовни потреби и 312 во средно образование и дека со буџет од МОН  оваа учебна година се ангажирани 500 образовни асистенти кои им помагаат на инклузивните тимови составени од наставник, стручен соработник и родител.

Со техничка поддршка од УНДП и во средните училишта, по примерот на основните, рече Шаќири, од септември ќе почне имплементација на образовна асистенција. Досега се ангажирани 79 асистенти и започнати се обуки во трите регионални центри за стручно образование во Охрид, Тетово и Куманово за инклузивно образование.

-Градењето инклузивно образование е долготраен и комплексен процес, што подразбира постојано подигнување на нивото на поддршка, но само со вклучување на целото општество во остварувањето на правата на децата со атипичен развој се овозможува тие да стекнат знаења и вештини и да израснат во граѓани кои можат да се реализираат себеси и да придонесуваат за целата заедница, рече Шаќири.

Се осврна на трансформацијата на посебните основни училишта во ресурсни центри задолжени да обезбедуваат стручна помош и поддршка на општинските основни училишта и на учениците со попреченост вклучени во редовниот образовен систем и рече дека МОН континуирано работи и на зголемување на бројот на дефектолози и специјални педагози.

Со измена на Законот за социјална заштита, пак, од јули минатата година е спуштена возрасната граница на корисници на услугата личен асистент за индивидуална поддршка и наместо од 18 години, сега може да ја користат и деца од шест години доколку се со потешка или најтешка телесна попреченост или ако се слепи.

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Ресми Ејупи рече дека инклузијата на децата со попреченост е меѓу клучните приоритети на МТСП и Владата, дека политиките во таа насока се видливи со воведување на Меѓународна класификација на функционирање (МКФ) при проценка на децата со попречености.

-Со новиот начин на проценка се напушта стариот медицински модел на гледање на попреченоста односно се заменува со немедицинско гледање  кое ги проценува јаките страни и способности на децата и младите, како и потребната поддршка  што детето треба да ја добие во образовниот систем за да ужива еднакви можности како своите врсници и да може да го развие својот потенцијал, рече Ејупи.

Зборувајќи за политиките што ја подобруваат состојбата на децата во предучилишното образование,  тој се осврна и на измените на Закон за заштита на детето, во кој веќе не постојат посебни групи за децата со попреченост туку тие се вклучуваат во редовните воспитни групи, раководејќи се, како што рече, од инклузивност во згрижувањето.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ