• Latest

ССМ ќе бара во недела да работат пратениците кои најавија измени на Законот за трговија

April 20, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ССМ ќе бара во недела да работат пратениците кои најавија измени на Законот за трговија

Ова доаѓа откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат Предлог-закон за измени на Законот за трговија бидејќи според нив со постоечките измени и е нанесен тежок удар на туристичката и трговската дејност, а во недела и за празник има најголема фреквенција на купувачи во туристичките места.

April 20, 2022 13:52
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека ќе поднесе иницијатива до Собранието да се донесе законско решение со кое ќе им овозможи на пратениците, кои најавија дека ќе поднесат измени на Законот за трговија, да работат во недела, пренесува МИА.

Ова доаѓа откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат Предлог-закон за измени на Законот за трговија бидејќи според нив со постоечките измени и е нанесен тежок удар на туристичката и трговската дејност, а во недела и за празник има најголема фреквенција на купувачи во туристичките места.

– Ќе побараме од пријателот на работниците, претседателот на Собранието Талат Џафери да го стави таквиот предлог по скратена постапка на собраниска седница и ќе ги повикаме сите пратеници да им го овозможат правото на дополнителна работа во недела на пратениците од политичката партија која размислува да поднесе Предлог – закон со кој сака да им го скрати тоа право на работниците, наведува ССМ во денешната реакција.

Со ова, велат од ССМ, ќе им се овозможи на пратениците кои сакаат да поднесат измени на Законот за тровија, да видат како е да се работи во недела.

– На таков начин ќе им се овозможи на пратениците подносители на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, да работат во недела во туристичките центри и на своја кожа да почувствуваат како им е било на работниците од трговијата, кои не знаеја ниту за викенд, ниту за празник ниту за неработен ден. А, работниците кои одмараат во недела, со задоволство ќе ги посетат пратениците кои ќе работат трговија во туристичките центри да пазарат кај нив, стои во реакцијата.

Од ССМ потсетуваат дека измените на Законот за трговија, со кои недела се прогласи за неработен ден, се донесени врз основа на темелна анализа.

– Притоа со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови со закон да работат, предвидена е и можноста за работа на моловите, штандови и киосци за време на спортски настани, фестивали, саеми, манифестации и слично, како и предвидена е можноста во продавници за трговија на мало со храна, пијалоци и слично, работата да ја вршат лично сопствениците на продавниците. На овој начин сметаме дека се покриени сите потреби на туристите во туристичките места од аспект на трговските услуги, со тоа што потсетуваме дека овие работници кои ќе бидат ангажирани за работа во недела имаат право на додаток на плата за работа во недела и за празници најмалку во висина од 100 проценти за секој час поминат на работа, како и право на неделен одмор во друг ден од неделата, нагласуваат од синдикатот.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ