Петрит Сарачини со видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
„Нашата земја е реплика на она што е Европа.Таму каде сме тргнале, ние сме веќе тоа. Европа е конгломерат на народи, конгломерат на култури, конгломерат на традиции, кој имаше големи предизвици во историјата, меѓусебни војни, многу жртви, и најде излез од оваа ситуација. И сега е структура која е заедно, и којашто чекори кон подобра иднина за сите народи што живеат во Европа. Истата судбина ја имаше и Северна Македонија, која произлезе од виорот на конфликти и спорови помеѓу различни народи, етникуми и култури кои живеат во Северна Македонија, и сега чекори кон Европа. Во оваа смисла, мислам дека Северна Македонија има среќа да биде реплика на тоа каде е тргната. Конгломерат од различни народи, култури, традиции, кои создаваат прекрасно и посебно богатство. Можам да кажам дека треба да се гордееме со тоа што сме, да ја знаеме вредноста на тоа што сме, да го зачуваме она што го имаме и да одиме со крената глава кон Европа.“, вели Сарачини.
Нема напредок ако вам ви е добро, а на вашите соседи им е лошо, вели Сарачини.
„Мораме да ги зачуваме вредностите што ги имаме. Човековите права се апсолутен приоритет за секое општество кое сака да биде демократско, и кое сака да напредува. Нема напредок ако во едно општество има луѓе незадоволни од нивните права и од остварувањето на тоа што се, и што сакаат да бидат. Затоа, мораме да ги поддржиме овие вредности, да ги почитуваме човековите права во потполност, и да се стремиме кон тоа сите луѓе што живеат во ова општество, да се чувствуваат удобно во нивната состојба. И да се чувствуваат горди на тоа каде живеат и што се. Ова е единствениот пат напред. Нема напредок ако вам ви е добро, додека на вашите соседи им е лошо. Тоа лошо кога и да е, ќе дојде и до вас. Затоа, да си помагаме еден на друг, да се почитуваме и да напредуваме заедно.
Имам многу позитивни лични примери од мојот живот, затоа што работам и дејствувам во контекст каде што околу мене цело време има луѓе од различни потекла, различни етнички припадности, различни религии, различни културни потекла… Затоа, можам да кажам дека ние, како луѓе кои меѓусебно комуницираат, постојано сме во контекст на овој разговор … Ние постојано правиме разлика со почитување на различностите. Затоа, ги повикувам сите оние што ќе го гледаат овој разговор, да направат разлика и да ги почитуваат различностите, бидејќи само со почитување на различностите ќе се почитуваат себеси. Почитувајте ги другите, за да ве почитуваат, помагајте им на другите, за да ви помагаат вам, и бидете заедно, за да бидете посилни и заедно да напредувате“, порача Сарачини.
Дијана Тахири
Камера: Игор Чадиноски
Монтажа: Ариан Мехмети
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.