Уметникот Агим Пошка од Струга во видео порака во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, истакна дека оваа земја е заедничка за сите и не треба да гледаме на неа како на нешто ексклузивно, туку на нешто заедничко во кое сите треба да си ја најдеме својата среќа и својата иднина.
„Поголеми вредности од хуманите не постојат во оваа земја, и ние треба како битија да сфатиме дека сме дел од природата и не сме центар од овој универзум. И етничките групи треба да сфатат дека се дел од ова општество, а не дека се центар на тоа општество. Позитивен пример би зел од моето семејство. Мојата ќерка сега оди во клубови коишто се мултиетнички, што не беше реалност пред 20 години. Нема веќе клубови поделени врз етничка основа, за нив важни се спортот, цртањето, односно оние активности што се важни и што им носат некакво задоволство на тие млади. Тоа е најдобар пример од мојот живот“, вели Пошка.
Проектот „Направи разлика, почитувај ги различностите“ е одличен мотив уште еднаш да се порача дека оваа земја е заедничка за сите и не треба да гледаме на неа како на нешто ексклузивно, туку на нешто заедничко во кое сите треба да си ја најдеме својата среќа и својата иднина“, порача уметникот Агим Пошка.
Диана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.