• Latest

Активистите – Албанци продолжуваат да ја поддржуваат Шарената револуција!

June 24, 2016
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Видеото од тортурата врз транс жената Сара Милереј ја шокираше Колумбија, но убиствата не застанаа тука

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Активистите – Албанци продолжуваат да ја поддржуваат Шарената револуција!

June 24, 2016 17:47
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По најмасовните протести на Шарената револуција минатиот понеделник, активистите – Албанци кои се видливи во јавноста, а некои од нив, и на улица за време на протестите на Шарената револуција, продолжуваат да ги поддржуваат демонстрантите и нивните барања. Според дел од активистите со кои разговараше ЦИВИЛ Медиа, политичките организирања на Албанците во Македонија треба да бидат поактивни во вклучувањето во „шарените“ протести, но и цивилното општество и организаторите на протестите треба да бидат поангажирани за оваа инклузивност и за градење на мостови со албанскиот дел на општеството.

Arianit Xhaferi_Behar
Арианит Џафери

Арианит Џафери, претседател на невладината организација „Еко Герила“ и активист во протестите против загадувањето на воздухот во Тетово, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека тој и членовите на неговата организација ги поддржуваат протестите  на Шарената револуција.

„Во принцип, ‘Еко Герила’ поддржува секоја реакција на граѓаните за правата што им се гарантирани со закон. Поддржуваме цивилни каузи, кои им служат на сите граѓани, независно од јазикот што го говорат по домовите или убедувањата, значи, поддржуваме каузи кои им припаѓаат на сите граѓани, независно дали тие се изразени преку една Шарена револуција, или во друга форма. Членовите на нашата организација учествувале на многу протести, вклучувајќи ја и Шарената револуција, и ќе бидеме на сите протести кои имаат за цел подигање на гласот против газење на правата на граѓанинот“, вели Џафери.

Ramadan Ramadani_Behar
Рамадан Рамадани

Рамадан Рамадани, професор на Државниот универзитет – Тетово (ДУТ) и поддржувач и член на повеќе граѓански иницијативи, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека ја поддржува Шарената револуција, затоа што е најинклузивниот  општествен ангажман во целиот политички хаос, но посочи и на недостатоците што се појавија за време на последните протести.

„Мислам дека на последните протести им недостасуваше јасна артикулација и реализација, наспроти дадениот ултиматум и масовноста на граѓаните. Да, ги поддржувам, затоа што се најинклузивниот ангажман во целиот политички хаос што се случува во моментов во земјава, кога се загрозени сите параметри на функционалноста на една држава. Мислам дека албанските политички организирања во земјава треба да бидат поактивни во директното вклучување на протестите на Шарената револуција, но сé уште има работа во растењето и инклузивноста на цивилното општество кон албанските политички субјекти и градењето мостови на комуникација со нив. Да не се заобиколи уште еден факт, дека Шарената револуција е една од ретките организации, во која учествуваат толку многу албански опозициски субјекти, во исто време, под иста закрила. Така што, на еден начин, оваа револуција е и организација која до некаде го артикулира од албанските граѓани во земјава – толку посакуваното обединување на опозицијата“, истакна Рамадани.

Parim Marku_Behar
Парим Марку

И Парим Марку, аналитичар и активист, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека протестите на Шарената револуција се демократска форма на изразување на социјалното незадоволство и дека ги поддржува.

„Протестите, всушност, се израз на незадоволство и револт, и како такви неретко ја преминуваат границата на пристојното човечко однесување. Ескалациите се дел од секое народно масовно движење, и поаѓајќи од оваа гледна точка,  се нормални. Меѓутоа, оваа нормалност, не амнестира од одговорност. Одговорноста за ескалацијата на протестите е поделена и паѓа колку врз организаторите на протестите, толку и врз државните органи, кои треба да го чуваат јавниот ред и професионалноста. Протестите се најдемократското изразување на социјалното, економско и политичко  незадоволство, и како такви, ги поддржувам. Меѓутоа, барањата, што се претворија во еден политички манифест на Шарената револуција, се недоволни, затоа што ја заобиколуваат вистинската револуција која треба да биде катализатор на една демократска и прогресивна Македонија, револуција на меѓуетничките албанско-македонски односи“, оцени Марку.

Во врска со учеството на албанскиот политички фактор, тој вели дека би го нарекол лицемерно, и учеството и неучеството, посебно недефинирањето на причините кои сакаат да ги реализираат како политички партии, кои имаат за цел претставување на интересите на Албанците во земјава.

„Нивните  барања се задоцнети, затоа што токму Албанците треба да бидат двигатели на социјалните и политичките движења во земјава, а не статисти, колку за бројка. Учеството не е доволно. Албанскиот политички фактор треба да се стреми кон рефакторизирање на албанските интереси како задолжителни, неприкосновени, нешто кое што не го прави. Ова е резултат на отсуството на вистинска политичка понуда, која би ги канализирала промените во еден нов политички албанско-македонски договор. Едно вакво однесување не поттикнува оптимизам и надеж во народот“, додава Марку.

Bekim Bina_Behar
Беким Бина

Беким Бина, редовен активист на протестите на Шарената револуција, рече дека овие протести се израз на незадоволството на граѓаните од власта и дека продолжува да ги поддржува.

„Јас ги поддржувам протестите на Шарената револуција, и колку што можам повеќе сум активен. Причината  за мојата поддршка е дека се израз на критичката мисла и незадоволство од политиката на владеењето во последните десет години. Практицирањето на протестите и  охрабрувањето на граѓаните во отвореното искажување на своето мислење  е најголемото достигнување во историјата на модерна Македонија. Во овој случај и ‘Беса’ и ‘Унитети’ и ПДП имаат свои ставови кои придонесуваат  во поддршката на градењето на едно демократско општество и ова би требало да нé радува. Неутралноста на Движењето за реформи на Демократската партија на Албанците (ДР–ДПА) не им помага на неутралните гласачи, евентуално за поддршка на ДР-ДПА“,изјави Бина за ЦИВИЛ Медиа.

Инаку, освен опозициските партии, Движењето Беса, Унитети и ДР-ДПА, кои ги поддржаа протестите на Шарената револуција, претседателот на Националната демократска препродба (НДП) Весел Мемеди, на почетокот на неделава за ЦИВИЛ Медиа изјави дека не ги поддржува протестите на Шарената револуција, а од ДПА на Мендух Тачи, не добивме изјава за ова прашање.

Бехар Мемиши

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Активистите - Албанци продолжуваат да ја поддржуваат Шарената револуција!Арианит ЏафериБеким БинаПарим МаркуРамадан Рамаданишарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ