• Latest

Вистиномер: Неточно е дека кратенките МК и МКД заминале во историјата

May 2, 2022
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Неточно е дека кратенките МК и МКД заминале во историјата

May 2, 2022 11:09
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пост на Фејсбук тврди дека кратенките МКД и МК заминале во историјата, односно дека НАТО го променил кодот за името на Македонија. Ова не е точно, пишува Вистиномер.

Постот со наслов „Кој сака нека честита“, споделува напис во кој се посочува дека НАТО кодот за името на нашата држава е сменет и сега, наместо МКД, стојат само две букви, НМ.

„Оваа промена, како што дознава Нетпрес, била на барање на Грција, која побарала НАТО кодот за името на нашата држава, наместо MKD, да биде NMK или RNM. За ова биле информирани и поранeшните министри на Министерството за одбрана, како и Министерството за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Но, за тоа молчеле и не ја обелодениле оваа информација во јавноста, иако како држава сме биле официјално информирани“, стои во написот.

Текстот споделува и документ, односно список на земји членки на НАТО покрај кои стојат кратенки на земјите, по азбучен ред. Ако се прегледа детално документот ќе се забележи дека и кратенките на други земји не соодветствуваат со нивните меѓународни прифатени кратенки, односно кодови.

На пример, Бугарија е ставена под кратенката БУ иако нејзиниот ISO код е БГ.

Турција исто така е со кратенка ТУ, иако нејзиниот ISO код е ТР.

По ваквите информации, со реакција веднаш се јави и Министерството за надворешни работи, кое објасни дека според правилата на НАТО, кои се донесени далеку пред нашето членство во Алијансата, за протоколарни потреби земјите се означуваат со целосните имиња и тоа соодветно на транскрипцијата во англиската азбука (English Alphanumerical), освен кога тоа е технички неизводливо.

„Со цел да не се промени редоследот, земјите – членки се одбележуваат со првите две букви од името на земјата, и тоа, доколку е тоа со еден збор, или со првите букви од двата збора, како во нашиот случај кога името е од повеќе зборови. Целта на ова правило е соодветно да се адаптираат целосните имиња на земјите без притоа да се наруши азбучниот ред на англиски јазик по кој се подредени земјите, што, пак, е исто така правило во рамките на Алијансата. Согласно горенаведеното, за Северна Македонија (North Macedonia) се користи кратенката NM, a соодветно, според азбучниот ред, земјава се наоѓа меѓу Холандија (Netherlands – NE) и Норвешка (Norway – NO). Што се однесува до интерните акти на Алијансата, онаму каде е тоа специфично наведено, се користат кратенките од ISO системот, каде нашата држава редовно е обележана со соодветните ISO кодови – МК и МКД“, соопшти МНР.

Точно е дека ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо.

Значи, тврдењето дека НАТО ги сменило официјалните кратенки на земјава, и тоа по барање на Грција, се лажни, односно кратенките за Македонија и понатаму се истите. Според ова, може да се каже дека постот кој го анализираме е невистинит./МЕТА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    228 shares
    Share 91 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ