• Latest

Подготвена нацрт верзија за нов кривичен законик, се очекува да биде донесен до крајот на годината

May 4, 2022

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Подготвена нацрт верзија за нов кривичен законик, се очекува да биде донесен до крајот на годината

May 4, 2022 12:17
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Измените на постојниот Кривичен законик во однос на насилството врз новинари се во собраниска процедура и тие треба да бидат усогласени со целосно новиот кривичен законик,  кој веќе постои во првична нацрт верзија и за кратко време ќе биде ставен на ЕНЕР, а треба да биде донесен до крајот на годината, најави денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

„Во однос на постојниот Кривичен законик, едно од кривичните дела во новите измени и дополнувања на Кривичниот законик беше поместувањето во одредбата 123 доколку има насилство, односно убиство на новинар тоа ќе претставува и квалифициран облик на убиство. Така што се подигнува квалитетот на општествената реакција со тоа што тие измени и оние коишто се на линија на Истанбулската конвенција се во собраниска процедура. Морам да кажам дека имаме една мала дилема затоа што во моментов се работи на нов кривичен законик. Значи, овие измени коишто се околу 60-ина одредби, ќе треба да бидат компатибилни заедно со измените, односно заедно со новиот кривичен законик. Да не ни се случи од номотехнички аспект дека овие измени не кореспондираат со новите решенија во новиот кривичен законик. Затоа ќе треба да се биде внимателен за да не се доведеме во фаза да не ги менуваме измените коишто се измени на Кривичниот законик“, изјави Тупанчевски во одговор на новинарско прашање.

Прашан за можноста да се врати клеветата како кривично дело, Тупанчески појасни дека наспроти Германија каде клеветата и навредата како противправни дејствија се составен интегрален дел од Кривичниот законик, според кој, ако се наклевети пратеник предвидена е казна затвор до пет години, во Република Северна Македонија се применува друг концепт, за посебен закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Измените коишто биле во собраниска процедура се повлечени, заради допрецизирање на одредбите и вметнување на забелешките од новинарската фела.

„Тоа решение е веќе подолго време кај нас, меѓутоа констатиравме дека има одредени дефекти, недостатоци во однос на постојниот, актуелниот Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда и токму во таа насока во собраниска процедура се измените и дополнувањата на овој закон. Една од корекциите е во однос на износот на глоби, основно на паричниот износ којшто се однесува на некој што извршел таков тип на поведение – навреда или клевета и тоа е драстично намалено и тоа е во полза на новинарите“, изјави Тупанчески.

Покрај ова, според него, ќе да се додефинираат уште неколку работи согласно забелешките на  новинарската фела, кои се прифатени.

„Во таа насока го повлековме законот, за повторно да го ставиме во собраниска процедура. Така што верувам дека во текот на оваа или идната недела веќе ќе има и финално решение“, додаде министерот за правда.

Законот за помилување, пак, посочува тој, практично е нов закон откако примената на постојниот закон покажала дека постојат одредби коишто различно се интерпретираа, при што се користени добри компаративни искуства, а новина е дека во една порана фаза од судската постапка не ќе постои можност за помилување.

„Се покажа тоа дека не е најдоброто решение. Во таа насока се обидовме и се обидуваме да се сведат на минимум таквите можности за различно толкување на законот, така што дадени се прецизни критериуми. Се знае точно кои институции до каде се надлежностите и ингеренции и практично се анулирани сите оние потенцијални можности за злоупотреба на законот за помилување. Се разбира претседателот ќе го има крајниот збор, затоа што тоа е поединечен правен акт којшто го донесува претседателот на државата и тука се инволвирани уште казнено-поправните установи и Министерството за правда. Она што е важно има рокови коишто се прецизни и докрај се прецизирани ингеренциите на сите засегнати страни, на сите институции коишто учествуваат во процесот на помилување“, изјави министерот за правда одговарајќи на новинарски прашања на маргините на 10-тата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија“ во рамки на активностите од проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ