• Latest

Ковачевски: Блокадата на Собранието неодговорно однесување што не носи добро никому

May 5, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Блокадата на Собранието неодговорно однесување што не носи добро никому

May 5, 2022 14:02
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најавената блокада на Собранието е неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за најавената блокада на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е едно неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, а тоа е Никола Груевски кој очигледно дека се уште му дава наредби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да прави вакви чекори. Собранието на државата треба да биде место каде што се унапредуваат законите, каде што се носат решенија за справување особено со кризава која што ја имаме во државата, а која што е резултат на војната која што се води во Украина и блокирање на Собранието е најлошото нешто што може некој политичар да го направи во овој момент, нагласи Ковачевски.  

Блокирањето на Собранието, додаде тој, не е нешто што ВМРО-ДПМНЕ сега го најавува и го прави, бидејќи ако ги погледнете законите коишто се заглавени во Собранието токму на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а не се работи за еден, два, три, 10, 15, 20, туку се работи за многу повеќе закони, тогаш ќе знаете дека тоа е однесување кое што во континуитет го отсликува однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.  

– Ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на својата задача, бидејќи блокирањето на Собранието не значи ништо друго, освен блокирање на она што треба да се направи за граѓаните на државата. Втора работа која што исто така е многу важна, јас ги гледам денешните написи воопшто не доликува на демократска партија да одбројува денови, денес било петти ден, па четврти ден и да се служи со уцени и да се служи со закани затоа што јас потврдив во изминатите скоро четири месеци дека ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам, туку сум човек којшто води отворен дијалог со сите заинтересирани страни во општеството, истакна премиерот.

Ковачевски повтори дека со резигнација го отфла ова што го презема ВМРО-ДПМНЕ, и како што истакна, тоа не е ништо поразлично од она што го правеле и досега, меѓутоа сега веројатно добиле наредба тоа да биде и јавно искажано.

– Доколку ги земете законите што со години веќе не се разгледуваат ниту на комисии ниту на пленарни седници тогаш ќе ви стане јасно дека оваа најавена блокада е само продолжување на она што се правеше и досега. Постои постојана отворена комуникација помеѓу пратениците во пратеничките групи, постои отворена комуникација на ниво на ЗЕЛС. Јас имав состанок со УО на ЗЕЛС, значи комплетниот УО каде што доминантно се претставници на партиите од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ што беа на состанок во Владата и каде што разговаравме за сите отворени прашања. Исто така, имам и директна комуникација со градоначалници коишто имаат одредени отворени прашања со Владата. Меѓутоа, одржување на средби под уцени, под закани само со една точка на дневен ред, а тоа е предвремени избори, кои прво, политичките партии не ги поддржуваат, потоа граѓаните не ги поддржуваат. Поминаа времињата кога ВМРО-ДПМНЕ на секои две години правеше избори само заради свој личен политички профит, сега е време прво да се справиме со кризата затоа што гледате што се случува на светските берзи, гледате што се случува во Украина, рече тој.

Според Ковачевски, Владата е демократска и јасно позиционирана и ориентирана, за разлика, како што рече, од опозицијата, во која има политички партии коишто се отворено на страната на Русија и политички партии коишто сметаат дека претседателот на Украина Зеленски е нивни непријател.

Ковачевски во одговор на прашање кажа дека Владата има целосен политички и легален легитимитет.

– Најпрвин легитимитетот на Владата се црпи од пратениците во Собранието и ако го погледнеме легитимитетот на оваа Владата, таа има и поголем легитимитет во однос на претходната со оглед на тоа дека 64 пратеници ја поддржуваат, дополнително и уште една политичка партија а тоа е партијата Алтернатива. Ние имавме разговори при формирањето на владината коалиција со претставници на Алтернатива и во Програмата на Владата беа вклучени и програмските определби на таа партија, рече Ковачевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ