• Latest

Нови предизвици за стабилноста на државата: Преку блокада, до предвремени парламентарни избори

May 9, 2022

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Нови предизвици за стабилноста на државата: Преку блокада, до предвремени парламентарни избори

May 9, 2022 18:00
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Во контекст на решението на ВМРО-ДПМНЕ до предвремени парламентарни избори да дојде преку блокада на Собранието, почнувајќи од 10 мај, да ги разгледаме прашањата кога и дали се пожелни изборите. Особено, кога некој ги бара во име на граѓаните, а истовремено блокира институција која е во служба на граѓаните.

Преку блокада на Собранието до предвремени избори

Христијан Мицкоски, по најавената блокада на Собранието, поддршка доби и од Извршниот комитет на партијата. Најавата за блокада, меѓу другото, значи и стотици, ако не и илјадници амандмани за секоја законска мерка или владина одлука што треба да помине на Собрание. Понатаму, тоа ќе значи и блокирање на пленарните седници и на работата на собраниските комисии. Се очекува да се блокираат и законите што се неопходни за справување со општествено-политичките и економските предизвици и кризи поврзани домашните и регионалните трендови, но и со глобалната криза предизвикана од руската инвазија против Украина.

„Минимум 6 месеци да нема избори откако ќе се направи некоја изборна промена, ако се работи за поголема промена тоа треба да биде и подолг период од околу една година, а не истовремено да се бараат предвремени избори и измени во Изборниот законик. Се разбира нам ни е потребен целосно нов изборен законик“, изјави Џабир Дерала на панел дискусијата од 2 март, „Изборите во фокус на ЦИВИЛ“.

ЦИВИЛ со непроменет став: Предвремените избори се сосема непотребни

ЦИВИЛ предупреди дека предвремените избори се сосема непотребни, веднаш откако опозицијата побара одржување предвремени парламентарни избори истовремено со локалните избори во октомври 2021.

„ЦИВИЛ е секогаш подготвен за избори, но тоа не значи дека сме ние нешто претерано добри, туку дека во земјава речиси секоја година има избори, па едноставно кога ќе заврши едниот изборен процес, ние веќе се спремаме за наредниот, истакна Џабир Дерала во гостувањето во „Утрински брифинг“, на „Слободен печат“ (28 септември 2021).

Ставот на ЦИВИЛ беше непроменет и во 2019 година кога тогашниот премиер Зоран Заев повика на предвремени избори, по серијата барања од ВМРО-ДПМНЕ, а повикот се совпадна и со разочарувачката одлука на Франција да го блокира отпочнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Предвремените избори, иако предлогот беше да бидат брзи, се одржаа дури во јули 2020 година. ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби изборите што постојано ги бара од 2017 година наваму.

Предвремените избори се шок за системот

Изборните процеси, а особено предвремените се шок за системот. Тие го поларизираат општеството и штетно влијаат на бизнисот и економијата. Изборите ја одложуваат, а неретко и ја прекинуваат имплементацијата на важни процеси и проекти. И скапи се. Затоа, силна препорака на ЦИВИЛ е изборните процеси секогаш да се одржуваат во нивните редовни термини.

Повиците за предвремени избори се интензивни, што секогаш е директен повод за отворање на дискусија во јавноста за потребата од предвремени парламентарни избори. Но таа дискусија, наместо во пошироката јавност, се води меѓу политичките елити, а медиумите се само платформи кои ги промовираат нивните ставови, испреплетени со меѓусебна дискредитација на политичките опоненти.

Отсуствува вистински издржана, аргументирана полемика за тоа дали се потребни избори или не. Едноставно, една партија решава да ги бара, а за да ги добие – блокира. И толку.

Барањата на опозицијата за поединечни оставки може да се оправдани или неоправдани, но барањата за предвремени избори од опозицијата не се доволна причина за тие и да се прифатат. Владата е одговорна за нормално функционирање на државата и не е должна да ги задоволува апетитите за власт на одредени политичари.

Зошто (не) предвремени избори?

Во својата анализа за „Предвремените избори не се (секогаш) навремени избори“, д-р Александар Спасов вели дека постоењето на правна можност за распуштање на Собранието и пред истекувањето на мандатниот период од четири години не смее да биде сфатено како политичко правило, туку единствено како политички исклучок.

„За таквото сфаќање постојат повеќе политички, но и уставно-правни причини. Често повторуваните ставови дека предвремените избори се најдобар тест за легитимитетот, потврда на демократскиот капацитет, можност за обновен мандат се политички фрази од коишто треба, полека, но сигурно, да се ослободуваме“, пишува Спасов.

Мора да постои баланс меѓу стабилноста и континуитетот во државата. Тоа е и смислата на постоењето на законодавниот дом и уставотворецот во една демократија.

„Целта и на уставотворецот, но и на секој демократски правен и политички поредок е јасна: да се направи баланс меѓу стабилноста и континуитетот, од една страна, и потврда на легалноста и легитимитетот на власта преку повремени избори, од друга страна. Постигнувањето на таквиот баланс, а не пречестите предвремени избори, ќе бидат најдобар тест и потврда на демократскиот капацитет на нашиот систем и општество истакна Спасов во својот труд во издание на ЦИВИЛ.

Вака дефинирано, предвремени парламентарни избори би биле нужни само доколку постои политичка криза. Очигледна е намерата на ВМРО-ДПМНЕ, преку блокирање на Собранието, да ја воведе државата во криза која би резултирала со предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на предвремени парламентарни избори сега повеќе од кога и да е. Понесени од успехот на локалните избори, тие се убедени дека ќе излезат како победници.

Ваквото сценарио, по логика на нештата, би требало да биде што е можно побрзо реализирано, додека нивните локални властодршци не почнат да ги разочаруваат своите гласачи на локално ниво. Тоа веќе се случува, а за тоа најеклатантен пример е „мајката“ на Град Скопје, Данела Арсовска.

Барање за предвремени парламентарни избори во ситуација кога нема реална политичка криза, туку таа се предизвикува со блокади, се далеку од пожелни и потребни. Особено затоа што се бараат избори во време кога надминувањето на економската, енергетската, па глобалната криза предизвикана од војната во Украина бараат континуитет и стабилност. И секако, вклучување на опозицијата во процесите, а не блокади. Таквото однесување во политиката е неодговорно, особено затоа што се настапува во име на граѓаните, а се блокираат демократските институции кои им припаѓаат токму на граѓаните.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ