• Latest

Тупанчески: Неделава започнува процесот за подготовка на нов Изборен законик

May 10, 2022

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Тупанчески: Неделава започнува процесот за подготовка на нов Изборен законик

May 10, 2022 16:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на оваа и идната недела ќе го започнеме процесот на подготовка за донесување на нов Изборен законик, информира денеска на прес-конференција министерот за правда Никола Тупанчески, пренесува МИА.

Како што појасни Тупанчески, тоа значи дека ова е консеквенција на тоа што се случуваше во 2015 година, кога беше формирана меѓуресорска работна група и која во 2016 година започна со активностите, а последните ги имаше во април 2021 година.

– Идејата е од Министерството за правда иницијално да тргне процесот за подготовка на нов Изборен законик, кој би значел вградување на сите препораки од меѓународниот фактор, пред се од ОДИХР/ОБСЕ, меѓутоа и забелешките од другите засегнати страни, посочи Тупанчески.

Во текот на оваа недела, информира тој, до сите засегнати страни ќе биде испратен допис во кој ќе бидат поканети пред се политичките партии, да земат учество во подготовката на Изборниот законик. Тој најави дека ќе бидат поканети и другите засегнати страни, односно невладините организации, здруженија и сите кои на некој начин се поврзани со изборната проблематика.

Според Тупанчески, Изборниот законик претставува еден од основните претпоставки за едно демократско општество и Министерството за правда треба да биде максимално транспарентно и инклузивно и да ги имплементира забелешките кои беа споменати при спроведувањето на последните предвремени парламентарни избори.

– Сакаме процесот да биде транспарентен и инклузивен зашто се работи за хиперсензитивна материја која може да има широк појас на консеквенции во однос на она што се нарекува имплементирање на демократијата во најширока смисла на зборот. Едно од посебните укажувања на меѓународниот фактор беше дека најдобро ќе биде Изборниот законик да биде донесен најмалку шест месеци пред изборите, затоа што тоа се правила на игра кои треба да се почитуваат. Предуслов е и вториот сегмент, а тоа е да се почитува начелото на консензуалност, појасни Тупанчески.

Во таа насока, додаде министерот, покрај транспарентност Министерството ќе се обиде и максимално професионално да го спроведе процесот на подготовка на новиот Изборен законик, односно, покрај претставници на заинтересирани страни ќе вклучат се што ќе биде од полза за донесување најдобар можен Изборен законик.

Одговарајќи на новинарско прашање, Тупанчески посочи дека последните измени на Изборниот законик се направени во април 2021 година и тие се однесуваа на биометриската идентификација. Последните избори, според министерот, покажаа и детектираа низа аномалии кои треба да се исправат и врз основа на компаративна анализа да бидат донесени најдобрите решенија.

– Како ќе изгледа новиот Изборен законик нема да зависи од мене, ќе се обидам максимално професионално да биде спроведена подготовката. Тоа значи дека би се движело во таа насока, евентуално, претседателот на работната група да не биде член на политичка партија и да има човек кој ќе му помага, на пример странски експерт. Како ќе изгледа моделот на политичкиот систем преку кој се избираат пратениците или претставниците во државата нема да зависи од мене како министер, туку од работната група, понудените решенија, идеи и аргументација, рече министерот.

Работата на работните групи, според Тупанчески, ќе почне во многу брз, краток временски интервал.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ