• Latest

Нинисто и Марин со заедничка изјава го поддржаа членството на Финска во НАТО, за Хависто тоа ќе помогне да се стабилизира балтичкиот регион

May 12, 2022
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Нинисто и Марин со заедничка изјава го поддржаа членството на Финска во НАТО, за Хависто тоа ќе помогне да се стабилизира балтичкиот регион

May 12, 2022 12:20
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Финска треба да аплицира за членство во НАТО, се наведува во денешната заедничка изјава на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин, јавуваат британските медиуми, пренесува МИА.

Оваа одлука, што треба да биде одобрена во парламентот, е донесена по рускиот напад на Украина.

„Финска мора без одлагање да поднесе барање за членство во НАТО“, се наведува во заедничката изјава на финскиот претседател и премиерка.

Британските медиуми додаваат дека Финска дели 1.300 километри долга граница со Русија и има сложена историја на односи со Москва, а досега беше надвор од Северноатлантската Алијанса за да одржува пријателски односи со својот источен сосед.

Министерот за надворешни работи, Пека Хависто, се обрати пред европратениците утрово, додека неговата влада ја соопштуваше и официјално одлуката за апликација за полноправно членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Брисел.

Хависто објасни дека инвазијата на Украина од страна на Русија трајно го измени безбедносниот пејзаж во Европа и во Финска, тој наброја низа причини поради кои Финска го промени курсот на својата надворешна и безбедносна политика и одлучи да ѝ се приклучи на Северноатлантската алијанса.

Непредвидливото однесување на Русија, употреба на неконвенционално и забрането оружје како нуклеарното и хемиското, непочитувањето на европската безбедносна архитектура од страна на Русија и нејзината подготвеност да врши силен притисок врз нејзините соседи преку испраќање на трупи на границите, се некои од клучните причини зашто Финска смета дека треба да им се придружи на евроатлантските партнери, рече шефот на финската дипломатија.

-Финска одлучи да аплицира, тоа ќе помогне да се стабилизира балтичкиот регион, Финска придонесува за регионалната стабилност, ќе го зајакне НАТО, таа е демократски силно докажана според критериумите на НАТ, има кредибилна одбрана која е интероперабилна со НАТО и ќе биде додадена вредност за НАТО, рече Хависто.

Тој истакна дека од агресијата врз Украина поддршката на јавноста за членство во НАТО е зголемена на 70 отсто во Финска, со што владата има силна народна поддршка за овој потег.

Министерот за надворешни работи на Финска нагласи дека треба да се продолжи да се испраќа помош во Украина, како хуманитарна и финансиска така и воена. Неговата земја, рече тој, веќе прими 20 илјади украински бегалци и подготвена е да прими десетици илјади повеќе.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ