• Latest

Директорката на МИТ Универзитет во Скопје шири руска пропаганда и дезинформации

May 15, 2022

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Директорката на МИТ Универзитет во Скопје шири руска пропаганда и дезинформации

Директорката на МИТ Универзитетот сподели статус на својот Фејсбук профил дека ќе „ги исклучи порталите што шират омраза и рекламираат оружје“. Еден нејзин поддржувач Зоран Коцев вели дека нема да ги блокира особено ЦИВИЛ, оти на нив се „празнел“, додека Апостолова му реплицира „ти се празниш, ама ние ќе полниме зандани“.

May 15, 2022 09:00
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Една од поистакнатите активисти на проруската „пешадија“ која шири пропаганда, лажни вести и дезинформации е и Фејсбук профилот кој, според објавените податоци на самиот профил, ѝ припаѓа на директорката на МИТ Универзитет – Скопје, Билјана Апостолова.

Таа постојано е активна на социјалните мрежи, коментира и споделува пропагандни содржини кои ја оправдуваат руската агресија врз Украина. Една од лагите што ги објави е објавата на лидерот на партијата Родина, Владимир Трајковски, на порталот „Freeglobe.mk“ (кој е еден од изворите што шири руска пропаганда во земјава) дека наводно во Мариупол има био лабораторија на НАТО.

Профилот Билјана Апостолова, во неколку наврати, сподели фотомонтажа од лидерот на Украина, Володимир Зеленски, во која држи дрес со нацистички симбол со порака дека „ова не е фотомонтажа“, и дека ги „жали Украинците“.

Но, лажната фотографија на украинскиот претседател Володимир Зеленски како држи дрес со свастика е раширена од про-руски профили. Ако се побара на Гугл пребарувачот ќе се види дека оригиналната фотографија Зеленски ја објави на својот Инстаграм профил пред Еврокупот во 2020 година.

Директорката на МИТ Универзитетот сподели статус на својот Фејсбук профил дека ќе „ги исклучи порталите што шират омраза и рекламираат оружје“. Еден нејзин поддржувач Зоран Коцев вели дека нема да ги блокира особено ЦИВИЛ, оти на нив се „празнел“, додека Апостолова му реплицира „ти се празниш, ама ние ќе полниме зандани“.

Меѓутоа, директорката Апостолова не само што не ги блокира тие кои „рекламираат оружје“, туку таа всушност и промовира оружје – руско.

 

Инаку, директорката на МИТ Универзитетот во Скопје, пред да стане силна поддржувачка на Русија и Путин, таа пред неколку години ги поддржуваше НАТО и ЕУ.

Инаку, Јавното Обвинителство на 5 октомври 2016 година во Универзитетот МИТ како високообразовна институција кој е формиран во 2007 година, во чиј состав спаѓаат Факултетот за менаџмент и Факултетот за информатички технологии, спроведе претрес на трите деловни објекти на „МИТ“ универзитетот во Скопје, како и куќата на сопственичката Билјана Апостолова и домот на нејзините родители во Македонски Брод. Обвинители од Основното јавно обвинителството со изготвен налог, инспектори од Управата за јавни приходи и од Министерството за образование, ја барале целата документација поради сомневање дека МИТ работел незаконски. Исходот од таа истрага не ѝ е познат на јавноста.

ЦИВИЛ Мониторинг тим

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ