• Latest

ЕК сака да го криминализира прекршувањето на санкциите против Русија

May 25, 2022
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕК сака да го криминализира прекршувањето на санкциите против Русија

May 25, 2022 14:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија попладнево го презентира својот последен предлог за зајакнување на санкциите против руските олигарси, таа очекува и земјите вон ЕУ да се усогласат со оваа иницијатива, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што објаснија еврокомесарите Маргаритис Схинас и Дидие Рејндерс пред новинарите денеска целта е да се стават на маса засилени инструменти за конфискација на имотите на руските олигарси и генерално санкциите против Русија.

-Сакаме нарушувањето на рестрикциите да биде криминализирано во цела ЕУ, сите земји членки и работиме без престан од почетокот на војната во Украина, треба да се извшрат овие рестриктивни мерки од страна на земјите членки, на нив е да ги имплементираат мерки брзо, ние сакаме да ги поддржиме земјите со тело кое ќе ги координира , ќе им овозможи да разменат информации и најдобри пракси за замрзнување на имотите од Русија и Белорусија, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Веќе 10 милијарди евра се замрзнати ширум ЕУ. Но сега треба да се хармонизира имплементацијата на предложените мерки, но и прекршувањето на санкциите да стане кривично дело во Европската Унија. И олигарсите, и нивните адвокати и советници ќе бидат предмет на санкции и прогон.

Конкретно, Европската комисија предлага во списокот на кривични дела на ЕУ да се додаде формално прекршувањето на рестриктивните мерки против руските и белоруските олигарси. Со ова, ЕУ ќе има еден заеднички стандард за кривични дела и казни, истовремено ќе се олесни работата на истражителите, обвинителите и судиите ширум ЕУ.

Според студиите на правните служби на ЕУ овој предлог е компатибилен со членот 83 (1) на Повелбата за функционирање на ЕУ, а се смета за “посебно сериозно кривично дело затоа што може да биде закана за меѓународниот мир и безбедност, и има јасен прекуграничен контекст“.

На маса е и нова предлог директива за кривични санкции.

Потенцијалните кривични дела кои се покриени се затскривање на имот, обид да се заобиколат санкциите, тргување со лица и ентитети под санкции, и незамрзнување на имот кој спаѓа под санкции.

Откако земјите членки ќе ја одобрат оваа иницијатива, Комисијата ќе презентира предлог-закон.

Комисијата очекува и од земјите партнери на ЕУ, кои не се членки на ЕУ, да се усогласат со овој предлог, рече Рејндерс

-Се обидуваме овој механизам да се примени, за конфискација и ставање на располагање на конфискуваните средства за да се реконструира и да се обештетат жртвите на војната во Украина, рече еврокомесарот Рејндерс и потврди дека контактите се во тек на ниво на Г7 и другите партнери.

ЕК смета дека и третите земји треба да ги воведат овие исти мерки и истата формулација за криминализација на обидите за заобиколување на санкциите, вклучително преку банкари, соработници и адвокати. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ