Европа и Украина заедно! За вечерва, недела, 29 мај, во 20 часот, е закажан Вториот светски добротворен телемаратон „Спасете ја Украина, сопрете ја војната“ .
Настанот ќе започне истовремено во главните градови на Германија и Украина, Берлин и Кијив. Целта на настанот е да се сврти вниманието на меѓународната заедница кон состојбите и случувањата во Украина, и да се соберат средства за медицинска опрема за здравствените установи во Украина кои пружаат медицинска нега на ранетите и повредените, вклучително и хируршка опрема и рендген апарати.
На телемаратонот ќе настапат светски и украински музички ѕвезди и познати личности: Евровизиските победници, Калуш оркестра, Monatik, Alyon, Boombax, Max Barskin, The Hardkiss и многу други.
Настанот може да се следи на следниот линк:
Настанот е во организација на 1+1 медиа, во партнерство со УА ПЦБ (Украинската јавна радиодифузна компанија) и Атлас фестивал, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Украина и Министерството за култура на Украина.
Идејата на вториот телемаратон останува иста, да се обединат што повеќе земји и радиодифузери за да се добие поддршка за собирање средства за Украина.
ЦИВИЛ – Центар за слобода го поддржува овој настан со повик до сите активисти и хумани луѓе да и се приклучат на акцијата.
Д.Мишев