• Latest

Вистиномер: Не е точно дека со руската инвазија врз Украина го снемало коронавирусот, благодарение на Путин

May 30, 2022
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека со руската инвазија врз Украина го снемало коронавирусот, благодарение на Путин

May 30, 2022 15:29
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе објави на социјалните мрежи континуирано тврдат дека со руската воена интервенција во Украина го снемало коронавирусот, а дека Путин успеал да го запре неговото ширење, бидејќи во Украина се наоѓале лабораториите од каде што потекнува вирусот. Но, пандемијата не е завршена, а ширењето на вирусот не може наеднаш да запре, за што говорат и бројките. Во последната недела на светско ниво биле заразени над 5 милиони луѓе, а починале 10.115. Само во Русија во последната недела со ковид-19 се заразиле 33.157, а починале 680 луѓе. Освен тоа, нема никакви докази дека коронавирусот потекнува или се ширел од Украина и дека Путин направил било што за да го спречи тоа, пишува Вистиномер.мк.

Фејсбук објава тврди дека појавата не неколку случаи на мајмунски сипаници значи дека „не спремаат“ односно дека станува збор за некаков однапред смислен план за зарaботување пари, а не за вистински случаи на ширење на вирусот. Исто така ,се тврди дека Путин „ја сопрел короната наеднаш“. Ова се неточни информации.

НЕ СПРЕМАТ. ПОЛЕКА НО СИГУРНО НЕ СПРЕМАТ ЗА НЕКОИ МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ.
ДА СИ ГИ ДОПРАВАТ МИЉАРДИТЕ ДЕ, НЕ ЗА ДРУГО, ОТИ ПУТИН А СОПРЕ КОРОНАТА НАЕДНАШ, НЕПЛАНИРАНО И НЕКОИ КОМПАНИИ ИЗГОРЕА ЖИВИ, НАМЕСТО 100 МИЉАРДИ ЗАРАБОТИЈА САМО 70. ЕПА ЕТЕ МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ ЌЕ А ДОПЛАТАТ РАЗЛИКАТА, А ПОСЛУШНИЦИТЕ НА НОВОТО ЛУДИЛО ПАК ЌЕ НЕ УБЕДУВАТ ДЕКА Е КРАЈ НА СВЕТОТ, СТОИ ВО ОБЈАВАТА.

Случаите на појава на мајмунски сипаници надвор од Африка не значат дека некој подготвувал такво нешто, ниту, пак, дека сето ова е исценирано, како што се инсинуира во објавата. Објавата, кога ќе се земе предвид во целост, претставува теорија на заговор. Со неа, всушност, се инсинуира дека некакви мрачни сили, кои контролираат се, или имаат голема моќ, ги влечат конците во позадина и креираат епидемии и пандемии онака како што им одговара заради финансиска корист. И, се разбира, за вакво нешто нема никакви аргументи или било какви докази.

Мајмунските сипаници не се ништо ново ниту непознато во светот. Овој вирус првпат бил откриен во 1958 година кога се случиле две епидемии на болест слична на сипаници во колонии на мајмуни чувани за истражување, па оттука и името „мајмунски сипаници“. Првиот човечки случај на мајмунски сипаници е забележан во 1970 година во Демократска Република Конго за време на засилени напори за елиминирање на сипаници. Оттогаш, мајмунски сипаници се забележани кај луѓе и во други централни и западни африкански земји.

Но, мајмунските сипаници се болест од глобално значење за јавното здравје, бидејќи ги погодува не само земјите во Западна и Централна Африка, туку и остатокот од светот. Во 2003 година, првата епидемија на мајмунски сипаници надвор од Африка беше во Соединетите Американски Држави и беше поврзана со контакт со заразени кучиња. Овие миленичиња биле сместени со гамбиски стаорци. Оваа појава доведе до над 70 случаи на мајмунски сипаници. Мајмунски сипаници се појавија и во Израел во септември 2018 година кај патници од Нигерија, потоа во Обединетото Кралство во септември 2018 година, декември 2019 година, мај 2021 година и мај 2022 година, во Сингапур во мај 2019 година и во САД во јули и ноември 2021 година. Пред неколку дена, беа идентификувани повеќе случаи на мајмунски сипаници во неколку неендемични земји. Во моментов се вршат студии за понатамошно разбирање на епидемиологијата, изворите на инфекции и шемите на пренос.

Затоа сè уште е рано да се даваат било какви прогнози за состојбата на болеста и сите вакви објави дека „нè спремаат за крајот на светот“ на социјалните мрежи, чија цел е да ја заплашуваат јавноста, влегуваат во доменот на шпекулации.

Според Светската здравствена организација, мајмунските сипаници се пренесуваат на луѓето преку близок контакт со заразено лице или животно односно близок контакт со лезии, телесни течности, респираторни капки и контаминирани материјали, како на пример постелнина.

Друго неточно тврдење во објавата е дека рускиот претседател Владимир Путин наеднаш го „запрел“ коронавирусот. Ова, освен што е неточно, истовремено е небулозно и нелогично. Повеќе објави на социјалните мрежи континуирано тврдат дека со руската воена интервенција во Украина го снемало коронавирусот, затоа што на нејзина територија се наоѓале лабораториите од каде што тој потекнува. Но, пандемијата не е завршена, а ширењето на вирусот не може да запре наеднаш. Дополнително на ова, нема никакви докази дека коронавирусот потекнува или се ширел од Украина и дека Путин направил било што за да го спречи тоа.

Пандемијата со коронавирусот е далеку од готова, за што говорат и бројките. Во последната недела на светско ниво биле заразени над 5 милиони луѓе, а починале 10.115. Иако во изминатите две и пол години имаше многу посилни бранови на вирусот, сепак и овие бројки не се за занемарување. Понатаму, ако се гледа ситуацијата по држави, исто така се доаѓа до заклучокот дека пандемијата не е завршена. Северна Кореја во последниот период бележи големи скокови според бројот на заразени – во споредба со претходната недела има зголемување од 123% на новозаболени. Во Кувајт се зголемиле случаите за 302 отсто, во Тајван за 34%, а во Чиле за 44 отсто.

Во С. Македонија, во споредба со претходната недела, има намалување за 5 отсто, но иако епидемиолошката слика е стабилна, крајот на пандемијата не е дојден. На 23 мај годинава биле регистрирани 151 нови случаи на ковид-19 и не се регистрирани починати лица.

Иако пандемијата го нема најсилниот замав, сепак, сосема е погрешно да се извлекуваат заклучоци дека тоа има каква било врска со војната во Украина. По повеќе од две години од појавата на вирусот, беа произведени неколку вакцини за имунизирање на населението, а дел од популацијата се зарази и го прележа вирусот, па доби природен имунитет. Исто така, како и претходните години, кога времето е потопло, а луѓето повеќе време поминуваат на отворен простор, трансмисијата на вирусот е помала. Но, сето ова не значи дека пандемијата поминала, ниту пак дека Путин има било каква врска со нејзиното завршување. Само во Русија во последната недела со ковид-19 се заразиле 33.157, а починале 680 луѓе.

Појавата на коронавирусот нема никаква врска со Украина. Тој првпат се појави во Кина и постојат докази дека е природен, а не вештачки и создаден во лабораторија.

Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација потврдува дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година.

Правењето паралела меѓу мајмунските сипаници, војната во Украина и состојбата со пандемијата на коронавирусот немаат никаква логика, ниту каква било издржаност и поткрепа со факти, па затоа изнесените тврдења во оваа Фејсбук објава ги оценуваме како невистинити.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    209 shares
    Share 84 Tweet 52
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ