Русија го краде детството од украинските деца и сака да ја уништи иднината на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на детето.
„1 јуни отсекогаш бил ден на топлина, радост и детска насмевка. Русија го засени овој ден со војна, Русија го краде детството на нашите деца, сака да ни ја уништи иднината. Но, ние возвраќаме и ќе го браниме секое дете од Украина. За иднината на Украина, за мирно небо и среќно детство“, нагласи тој.
Предходно, Зеленски на Телеграм објави фотографии од оштетени и уништени образовни институции од страна на агресорот.
Годинава наместо последното ѕвоно се слуша воздушен аларм. Повеќе од 1.800 образовни институции низ Украина се оштетени од окупаторите. Искршени прозорци, оштетени работни маси. Животот замрзна во училишните училници на 23 февруари. Но, колку и да е тешко сега, Украинците не можат да се скршат. Ќе се бориме, ќе се развиваме, ќе учиме. За доброто на слободата и нашата идна победа, напиша Зеленски на Телеграм.
Подготви: Д.Мишев