• Latest
Уништен руски тенк во околината на Харков, Украина

Сто дена војна во Украина

June 3, 2022
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Сто дена војна во Украина

June 3, 2022 10:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Уништен руски тенк во околината на Харков, Украина

Уништен руски тенк во околината на Харков, Украина

Share on FacebookShare on Twitter

На 24 февруари во зората руската армија презеде голема офанзива и за помалку од 24 часа руските тенкови пристигна до предградијата на Киев, пренесува МИА.

Целта на Русија беше заземање на Киев, при што би се создале услови за соборување на демократски избраната власт и поставување на проруска влада, по примерот на окупираните градови во јужниот дел на Украина.

Анкетите и анализите претходно покажуваа дека најмалку 10 проценти од населението на Украина е подготвено да се бори, од 20 до 30 отсто се проруски ориентирани. Ситуацијата на теренот ги потврди бројките. Руските сили во јужна Украина, продирајќи од Крим, наидоа на организиран отпор.

Главниот правец на напредок беше кон Нова Каховка, но и хидроцентралата на реките Днепар, која служи и како мост. Втората главна насока на продор беше кон градот Керсон, каде што се наоѓа вториот и последен мост на реките Днепар пред нејзиното вливање во Црното Море.

На 28 февруари руските сили влегуваат во Kерсон, а градот е заземен на 2 март. Со освојувањето на Kерсон на руските сили им беше отворен патот кон север кон Миколајив, но жителите пружија отпор. Руските сили се обидуваа преку Милолајив да отворат коридор кон Одеса.

Руските сили за неколку дена го освојуваат и градот Мелитопол, кој успешно се бранеше од руските напади во 2014 година.

Претседателот на Русија, Владимир Путин и генералите тогаш оценија дека напредувањето низ Украина од Крим кон Миколајив и Мариупол значи дека набрзо ќе биде освоена целата земја.

Но, набрзо на приодите на Киев почнуваат борбите во кои руските сили претрпуваат големи загуби. Градовите Чернихив и Харков пружаат голем отпор и не дозволуваат продор кон Киев. Борбите за Киев траеја од 24 февруари до 4 април.

Најтешки борби, 82 дена се водеа за Мариупол, што на 18 мај беше заземен од руските сили. Само неколку дена по падот на Мариупол, руските сили почнуваат офанзива на исток, поточно кон Северодонецк.

 

Откако руските сили не напредуваа како што беше планирано се прераспоредуваат и се насочуваат кон освојување на Донбас. Нападите од окупираните подрачја Луганск и Доњецк почнаа кога руски тенкови од Крим, од Русија и Белорусија влегоа во Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјавио дека административниот главен град на Донбас, Северодоњецк е „80 проценти под окупација“ и оти се водат улични борби. Исто така се водат борби и во Луганск.

Според дел од аналитичарите ако руските сили го освојат Донбас тогаш најверојатно ќе биде прогласено примирје.

Во војната во Украина, според податоци на Обединети нации, досега загинаа повеќе од 4.000 луѓе и речиси ист број повредени. Околу 30 проценти од територијата на Украина е под руска окупација. Речиси во целост е запрен извозот на храна од Украина, пред сè на житото.

Поради инвазијата врз Украина, Русија се соочи со одлучен и единствен одговор на земјите-членки на НАТО и на ЕУ и уследија санкции кон Москва, како и воена и финансиска помош за Украина.

Поради војната во Украина, Шведска и Финска побараа членство во НАТО.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ