• Latest

Тренчевска-Колер: МОТ продолжува со поддршката на Северна Македонија во унапредувањето на трудовото законодавство

June 9, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска-Колер: МОТ продолжува со поддршката на Северна Македонија во унапредувањето на трудовото законодавство

June 9, 2022 11:26
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со Регионалниот директор на МОТ за Европа и Азија во Женева, г-дин Хајнц Колер.

Тема на средбата  беа активностите и проектите коишто се спроведуваат во Република Северна Македонија, во делот на техничка помош и поддршка од Меѓународната организација на трудот.

Министерката информираше за текот на активностите за подготовка на новиот Закон за работни односи, како и дека нацрт-текстот е подготвен и усогласен со стручните предлози и препораки добиени од Меѓународната организација на трудот, при што се  направени и напори да се обезбеди усогласеност со европското законодавство и конвенциите на Меѓународната организација на трудот. Притоа ја нагласи и поддршката од МОТ за измена на постоечкиот Закон за мирно решавање на работните спорови, со цел да се подобри спроведувањето на мирното решавање на индивидуалните работни спорови, со оглед на фактот дека овој систем се покажа успешен во колективните работни спорови.

Министерката информираше и за мерката „Да ја направиме декларираната работа привлечна за работодавачите и вработените“ која се спроведува во Охрид и Струга и има за цел преку поедноставување на процедурите за вработување и понискиот придонес за социјално осигурување на краткорочните работници да се постигне намалување на неформалните вработувања и работата на црно. Евалуацијата на оваа мерка ќе се изврши во октомври 2022 година.

„Особено е важно да се спомене Младинската гаранција, која е дел од европските водечки иницијативи и има за цел да им обезбеди на младите (15-29 години), понуда за вработување, континуирано образование и обука или практикантска работа, во рамките на период од четири месеци од денот на пријавувањето во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,“ рече Тренчевска.

Во 2021 година, од вкупниот број лица кои влегле во процесот на младинска гаранција, 8064 млади до 29 години или 41% се вработиле или стекнале вештини кои ја подобриле нивната вработливост и станале конкурентни на пазарот на трудот.

Колер истакна дека, имајќи предвид дека тој е еден од креаторите на програмата за младинската гаранција, особено задоволство му причинува фактот дека резултатите од имплементацијата на младинската гаранција  во нашата земја ги надминува очекувањата. Тој додаде дека Меѓународната организација на трудот ќе продолжи да ја поддржува РСМ на патот на унапредување на трудовото законодавство, безбедноста и здравјето при работа и зголемување на вработливоста.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ