• Latest

ДКСК идентификуваше слабости во јавните набавки на возила од јавните институции

June 9, 2022
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

ДКСК идентификуваше слабости во јавните набавки на возила од јавните институции

June 9, 2022 14:40
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција утврдила неколку слабости при спроведувањето на постапката за јавна набавка на возила преку изнајмување по пат на оперативен лизинг на јавните институции. Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Шемши Салаи на денешната 70-та седница на ДКСК реферирајќи за предмет за набавката на поголем број на возила од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија во 2021 година, истакна дека видни се недостатоци во процесот на планирање на примената на ваквата опција, пред сè отсуство на опсежна анализа на аспектите на нејзината економска оправданост. Од овие причини ДКСК одлучи материјалните од извршените анализи да ги достави до заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, со цел да се регулираат и отстранат слабостите утврдени со анализата, пренесува МИА.

– Потенцијалниот ефект на ваквиот недостиг е уште поголем доколку се земе предвид обемот на примена на оперативен лизинг од страна на институциите – врз основа на јавно достапни податоци, ДКСК утврди широко распространета пракса на склучување на договори за изнајмување на возила преку оперативен лизинг од страна на други државни органи, јавни институции и единици на локалната самоуправа, рече Салаи.

Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки заклучно со март 2022 година, во периодот од 2018 до 2021 година, како што наведе Салаи, биле склучени договори во вкупна вредност од најмалку 307750153 денари (5004068 евра). Договорите се склучени со различни оператори, при што учеството на Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје е најголемо – 89 отсто од вкупната вредност на договорите склучени во посочениот период.

Следна слабоста која е идентификувана во ова анализа на ДКСК, е отсуството на процедури или соодветни подзаконски акти со кои се регулира обврската за соодветно планирање на потребата од возила со конкретни карактеристики и прецизна намена од страна на службата која планирањето треба да го спроведува со детален осврт кон сите финансиски, безбедности, еколошки и други аспекти, вклучително и условите за користење на возила со такви карактеристики (распоред, приоритет, околности, време на користење, часови на користење итн.).

– Конкретно, двете последователни постапки на СОЗР се за еднаков број на возила, што наметнува сомнеж за тоа дали воопшто службата ја следи потребата од возила и дали набавката произлегува од прецизно утврдена потреба, изјави Салаи и посочи дека како друга слабост е детектирана и нерегулираноста на постапката за подготовка на техничка спецификација и на дејноста на издавање на мислење за техничка спецификација, кои претходат на започнувањето на постапката за јавна набавка.

Воедно, реферирајќи за предмет оформен по сопствена иницијатива членот на ДКСК, Салаи, посочи дека од добиените информации не произлегува дека се сторени повреди на законски одредби при спроведувањето на постапката за јавна набавка на возила преку изнајмување по пат на оперативен лизинг, ниту при активностите кои претходеле на спроведувањето на истата.

Во текот на постапувањето по предметот  од ДКСК посочија дека се стекна со сознанија дека праксата на користење на возила од страна на СОЗР по пат на оперативен лизинг постои уште од 2012 година. Од извршениот увид во доставената документација произлегува дека во 2012, 2015, 2018 и 2021 година, по спроведени 5 постапки за јавни набавки биле склучени 5 договора за користење на возила по пат на оперативен лизинг. Сите договори се за набавка на поголем број на возила – сите за потребите на СОЗР и за период од по 36 месеци. Вкупната договорна вредност на истите, со вклучен ДДВ, изнесува 387382967 денари (6298910 евра).

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на ова седница меѓу другото извести дека од утре почнува да се применува Законот за лобирање  со тоа што запишувањето на лобист или лоби организација се врши преку поднесување на пријава до ДКСК, која цени дали се исполнети законските услови за запишување.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ