Украина ја задржа контролата врз хемиската фабрика „Азот“ во Севернодоњецк, во која се кријат стотици цивили, изјави денеска гувернерот на регионот Серхи Хајдаи, пренесува МИА.
-„Азот“ не е блокирана, борбите продолжуваат на улиците до фабриката, изјави Хајдаи за украинската телевизија.
Гувернерот додаде дека очекува руските сили да вложат максимални напори во обид да го освојат градот, денеска или утре.
Предходно, ХАјдаи соопшти дека руското гранатирање на хемиската фабрика „Азот“ во Северодоњецк предизвика силен пожар и излевање на тон нафта,.
За локалната телевизијата Хајдаи не прецизираше дали пожарот во фабриката во која се засолниле стотици цивили е изгаснат.
Тој само кажа дека борбите во источниот украински град Севернодоњецк се во тек, а за кој набљудувачите предвидуваат дека ќе стане вториот Мариупол во однос на човечки загуби и уништување пред да падне во рацете на Русија.
Градот е еден од последните џебови на отпорот на руската агресија во источната провинција Луганск.
Северодоњецк и Лисичанск на спротивната страна на реката Доњецк се последните места под делумна украинска контрола во областа Луганск, чија окупација е една од клучните воени цели на Русија. Украина вели дека нејзината единствена надеж за промена на ситуацијата во индустрискиот град е да добие повеќе артилерија бидејќи Русија е супериорна во тој аспект.