• Latest

ССМ очекува сите пратеници да го прифатат амандманот за зголемување на платите

June 13, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ССМ очекува сите пратеници да го прифатат амандманот за зголемување на платите

June 13, 2022 12:14
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ССМ потсетува дека до сите координатори на пратенички групи во Собранието достави предлог амандман кој значи да се зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година.

Минатата недела во координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандманот и официјално од нивна страна беше доставен до Собранието согласно процедурите, а јавна поддршка добивме и од политичката партија Левица, како и од Демократски сојуз, Социјалистичка партија и ДОМ, додека СДСМ калкулира, а ДУИ сеуште молчи.

Апелираме амандманот во Собрание да биде изгласан пред најавеното дополнително покачување на струјата, нафтените деривати, цените на основните производи и др., кои пак ке предизвикаат дополнителни ценовни шокови насекаде и дополнителни ке ја обезвреднат платата на работниците.

Затоа е непходно платите да се покачат веднаш со донесување на ребалансот за минимум 2.806 денари уште од 01.07.2022 година за да може да се амортизираат барем малку овие покачувања особено ако се знае дека од почеток на годината вредноста на синдикалната минимална кошничка пораснала за 2.980 денари, за една година 4.635 денари пари кои ги нема во буџетот на едно семејство  и тоа само за преживување во тековниот месец.

Очекуваме сите пратеници да го поддржат амандманот на ССМ кој е доставен од пратениците од ВМРО – ДПМНЕ поради тоа што соработката претставниците на работниците и претставниците на народот е значајна алка за унапредување на работничките права и во иднина треба да биде пракса за надминување на сите предизвици.

ССМ смета дека доколку се изгласа ребалансот на буџетот без да се предвидат средства за зголемување на платите во јавниот сектор во тој случај нема да може да се постапи согласно закон и ќе нема средства за усогласување на платите на вработени во јавниот сектор ниту од 01.07.2022 година како што е барањето на ССМ и работниците, а ниту пак за услогласување во Законскиот рок  и на тој начин ССМ како единствен репрезентативен претставник на работниците во јавниот сектор е ставен пред свршен чин и е донесена Одлуката за повикување и поведување на штрајк кој ќе се одржи на 22.06.2022 година кога целиот јавен сектор ќе застане за работникот да опстане, стои во соопштението на ССМ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ