Петмината бугарски пратеници, кои најавија дека го напуштаат Генералното собрание на партијата „Има так народ“ (ИТН) на Слави трифонов, веќе ги поднеле своите апликации до канцеларијата на Националното собрание, потврдија за БТА од прес-центарот на парламентот.
Станува збор за Николај Радулов, Дејан Петков, Иво Атанасов, Светлин Стојанов и Георги Георгиев. Тие поднеле барања за напуштање на Парламентарната група на ИТН, како што соопштија вчера на прес-конференција, и со тоа не членуваат во пратеничка група на народни претставници.
Вчера, бугарските медиуми објавија дека седуммина пратеници ќе ја напуштат пратеничката група на бугарската партија „Има таков народ“ Тие ќе ја напуштат групата, иако се уште немаат цврст договор со „Продолжуваме со промената“, а се уште чекаат понуди за партнерство. Седуммината се организирани од министерот на ИТН за спорт во оставка , Радостин Василев, кој се спротивстави на заминувањето на партијата од владата.
Пратеникот од бугарската политичка партија „Продолжуваме со промената“ Атанас Михнев во изјава за локални медиуми најави дека „се движиме во насока на обезбедување апсолутно мнозинство во Парламентот“. Според него, во моментот се разгопвара со пратеници „со витстинска мотивација за промена на Бугарија“
Лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов , вчера, на Фејсбук потврди дека седум пратеници од неговата партија ќе ја напуштат неговата пратеничка група и ќе ги поддржат копретседавачите на владејачката партија „Промените продолжуваат“ Кирил Петков и Асен Василев.
Д.Мишев












