• Latest
Љубомир Костовски

Шверцери на сопствените животи

June 17, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шверцери на сопствените животи

Филозофот Кангрга говори за оние кои често ги менуваат своите политички ставови, некогаш и на дневна основа како за – шверцери на сопствените животи. Кај нас оние како Мицковски лесно ги соблекоа античките апостолки и се уфрлија во партизанските цокули на 16 јуни, рано на сабајле, за потребите на острење и анти-бугарското расположение во земјава спроти евентуалниот пресврт во закочените односи на релација Софија - Скопје. Го одбраа програмираното, а неискрено одбележување на денот на стрелањето на ваташките деца од 1943 година

June 17, 2022 13:58
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски

Љубомир Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Дали се сеќавате на денот кога со непристојно големо присуство на полицијата, едно зимско пладне во 2012 година старите борци, оние вистинските, ги истуркаа од нивните простории, од Домот на воените инвалиди Не, тие сограѓани, главно во деветтата деценија од животот, излегоа на улиците во центарот на градот да протестираат.

Немаше голема поддршка за поранешните партизани, проценките беа дека во колоната ги имаше 300 лица. Тука немаше никаква закрила од екипата на Груевски, во која беше и сегашниот лидер на оваа партија, Мицковски, која очевидно се намерачи на нивниот објект, а морам да признам, видов само како некои функционери од тогашната опозиција трчаат по улица Македонија да ги стигнат оние од колоната, на кои никој ниту од продавачите не им понуди барем некое шише со вода (!) ама не ги стигнаа: настаните, како што често бива, го претркаа нивниот комодитет. Впрочем, барем кога дојдоа на власт, пет години потоа, да се сетеа на нивниот одземен имот! Борците, оние кои преживеаја, служат само за одбележување на одредени датуми.

На оваа употребливост на личности и настани се потсетија и во штабот во Шампитата, кога веќе буквално ги подигнуваат сите теписи во земјата за да најдат некаков мотив да го привлечат населението за својот саботен протест во Скопје (претпремиерата ќе биде во петок попладне, после 17 – 18 часот, ги чести државата со проба на техникалиите и затворање на сообраќајот!).

Па така, обидувајќи се да парира за настаните кои не може да ги контролира, а кои можат да им наштетат на авторитетот и угледот, црвено-црните се обидуваат истите да ги елиминираат. Она со признавањето на МПЦ во меѓународни црковни рамки беше таков настан, па после скепсата која се ширеше за исходот, преку средбата во чудни карактери во предворјето на Бигорски од страна на Мицковски, потоа преку избрзаните негативни конотации за прослават на Духовден во Цариград (писание на Николовски) дојде изјавата на шефот на партијата дека се работи за „успех на сите фактори, што дало резултат“, онака грубо срочено, без образ, преземање на нешто за што се нема ама баш никаков придонес. Ама користи ако се застане во редот, со чинијата на заслугите, за да се добие некаков славенички „заслуг“.

Ненадејната најава за можна разврска на спорот меѓу земјава и источните соседи, како дел од процедурата за отпочнување на преговорите за влез во Унијата секако донела потрес во Шампита. Предлогот на Макрон за подигнување на бугарското вето не е познат – во четвртокот вечер требаше да го отворат пликот во кабинетот на Петков (!). Одлуката е да не се чекаат детали, туку документот да се напаѓа ан-блок. Поранешниот главен уредник на Нова Македонија Никола Тасев затоа на Канал 24 говореше за тоа дека не ни треба подигнување на ветото по било која цена, одбивајќи ја толку очевидната ситуација со која патем е на иста линија со бугарските националисти и со интересите кои се шуткаат низ коридорите на Кремљ.

Вториот говорник во избраните за таа штафета од Мицковски – екс-амбасадорот Никовски, татко на своевремено добро платен советник на Груевски, отиде дотаму што просто рече дека ние треба да ги поништиме сите веќе потпишани договори со Бугарија! Патем, се јавија и текстови за тоа како документот кој го добил Петков е дебакл на надворешната политика на Османи, ама тоа се повлече од дневната понуда за нашите ТВ куќи, бидејќи ако не го знаеш документот, како можеш да го напаѓаш!

Во налет на тоа ширење на анти-бугарската атмосфера во претис-лонецот се постави и одбележувањето на стрелањето на ваташките деца од 1943 година. Секако, тој датум вреди да се одбележи, дури и јас пуштив пост по тој повод, ама чуди што доаѓа од таборот на кои антифашизмот не им беше пријатен Нивниот новоговор содржи и израз „комуњари“, нели, како синоним за нешто што треба да се отфрли во старт, ниту да се примириса, што би рекло, да си на дистанца од таквите знакови на опстојување на историските личности и настани…

Филзофот Кангрга има речено за оние како луѓето од штабот во Шампита, кои потреба, па и дневно коперникански ги менуваат своите ставови и идеологии дека се шверцери со своите животи. Бидејќи и генерално како да омекнува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон социјализмот, како мамец за привлекување на разочараните во земјава, предлагам функционерките на оваа партија да почнат да носат боросанки. Добро би ѝ стоеле на кметицата Арсовска, бидејќи би ја поддржувале нејзината голема активност?! И… во духот на промените, нека побараат од надлежните обнова на процесот за враќање на Инвалидскиот дом на борците.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ