• Latest

Бугарите треба да бидат дел од преамбулата на Уставот

June 21, 2022

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бугарите треба да бидат дел од преамбулата на Уставот

June 21, 2022 16:35
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ

И не само Бугарите, туку и Торбешите, Египќаните, Хрватите и Црногорците. Република Северна Македонија треба да биде држава на сите нејзини граѓани, да биде инклузивна и секој граѓанин да ја чувствува за свој дом. Па така и нашите сограѓани кои се декларираат како Бугари, или како Торбеши, или како Хрвати, и да не ги редам понатаму заедниците кои се пронаоѓаат во делот “останати“.

Упатените знаат дека кога се договараше Охридскиот рамковен договор, првичната верзија на преамбулата беше “Република Македонија е држава на сите нејзини граѓани“, па потоа, откако се договори сѐ , сегашната верзија на преамбулата се договараше уште неколку дена. Оваа верзија, дека ” Република Македонија е држава на сите нејзини граѓани”, беше протолкувано во дел од јавноста како предавничка и дека мора Македонците да бидат споманти во преамбулата. Па, потоа се додадоа и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите. Во “90-та минута“, пред да се пушти конечната верзија за гласање во Собранието, благодарение на реакциите на СДА Македонија во јавноста, беа додадени и Бошњаците. И еве, од тогаш до денес, државата е иста, со правата кои ги добија Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, етничките Македонци ништо не изгубија. Како што државата нема да изгуби ништо ако вложи дополнителен напор да и на хартија, а и во пракса ги интегрира “останатите“, на пример Торбешите, Бугарите, Египќаните, Хрватите и Црногорците. Да напоменам само, демократските држави се стремат да не зборуваат за конститутивности, туку за граѓански држави. Конститутивноста е концепт кој е поблизок до државите кои имаа комунистички системи. Па така ние имаме граѓански Устав, чијашто преамбула не дава баш соодветен влез во него.

Толку големи небулози и неиздржани работи се кажаа деновиве против влегувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот, да едноставно се создаде една непотребна хистерија, од искажаното на прилозите и емисиите на телевизиите со национална фрекфенција. Тоа потсетува на многу други хистерии кои се создавале во некои други неизвесни времиња. Да се потсетиме на дел од нив: “Македонија не треба да стане независна, надвор од Југославија не може да опстане“, “Македонија на Македонците, во спротивно ќе ја изгубиме државата“, “Охридскиот рамковен договор не чини, Албанците ќе ни ја земат државата“, “Не може Албанец да биде Претседател на Собранието“, “Со Договорот од Преспа го губиме идентитеот, ќе бидеме Северџани“ и сега последно “Не може Бугарите да влезат во Уставот, така ќе се бугаризираме“. Секако, сите овие хистерии беа поразени од времето, па така ќе биде поразена и оваа.

И овој текст нема врска со Францускиот предлог, пошто за него повеќе се зборува, отколку што се знае точно. Овој текст е само аргументирана реакција на дел од небулозите и една непотребна хистерија. Ако спорот со Бугарија се сведува на тоа дека Бугарите треба да бидат дел од Уставот на Р. Северна Македонија, тогаш ние дефинитивно треба да прогласиме победа, а не да правиме нова хисетрија. Тоа ќе го дознаеме во периодот кој следува.

На последниот попис на население за Бугари се изјасниле 3.504 граѓани. Како Торбеши се изјасниле 4.174 граѓани, како Хрвати се изјасниле 2.145 граѓани, како Египќани се изјасниле 2.406 граѓани, како Црногорци се изјасниле 1.023 граѓани, од вкупно 1.836.713 граѓани кои живеат во Р. Севрна Македонија. Како унапредувањето на правата на 3.504 граѓани ќе го бугаризира македонското општество? Со оваа хисетрија се покажува повеќе недоверба во својот иднетитет.

Тргнете го спорот со Бугарија за момент, во која исто така има уште поголемо негативно влијание од Русија, а нивната драма можеме да ја следиме деновиве во нивниот парламент. Хрватска има многу слична преамбула на Уставот, како нашата. Таа исто помина една траекторија која значеше демократизација на нивното општество, а е држава која исто има комунистичко минато. Дали знаете дека пред влезот на Хрватска во ЕУ, и беше побарано или да ги наброи сите заедници во Уставот, или да ги избрише сите и да се делкарира како држава на сите нејзини граѓани? Хрватите одлучија да ги вметнат во Уставот сите заеднци, вклучуваќи ги и Македонците. Не сум сигурен баш дека хравсткото општество се македонизираше поради тоа. Сакам да кажам, праксата покажува дека и без проблемите со Бугарија, ЕУ од нас ќе побара да ги внесеме сите заедници во Уставот. Точно, тоа во случајот со Хрватска беше на крај од преговорите, не на почеток, сепак, временската рамка на исполнување на обврските не е причина да се откажеме од ЕУ. Или да се откажеме поради нечии стравови и фрустрации?

Повторно ќе кажам, камо среќа проблемот со Бугарија да се сведе на тоа дека треба да ги внесеме Бугарите во преамбулата на нашиот Устав. Нашата заедничка држава Северна Македонија од тоа нема да изгуби ништо, ниту етничките Македонци ќе изгубат нешто, а притоа ќе се релаксираат односите помеѓу двете држави, а и нашиот европски пат ќе биде во функција на демократизацијата и развојот на нашето општество.

Јас сепак се плашам дека исто така, како општество, не научивме многу во овие 30 години од цената и компромисите кои ги правевме. Ако во процесот на независноста се имаше слух за барањата на Албанците, немаше да ни се случи 2001 година. Ако порано се влезеше похрабро во решавање на проблемот со Грција, сигурно името за внатрешна употреба ќе беше и денес Република Македонија. Сега се разви хисетрија за Бугарите во преамбулата, а сите признават дека до крај не го знаат францускиот предлог. Она што нас не учи историјата е дека помалите и послабите многу често откако ќе одбијат нешто, понатаму добиваат предлози кои се полоши од претходните. Во процеси кои се важни за стратешките цели на државата треба многу повеќе рационалност и ладна глава од емоци и политиканство. Посебно не ни требаат хистерии.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    213 shares
    Share 85 Tweet 53
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ