• Latest

Ивановски: Владата ја игнорира волјата на граѓан(к)ите

July 5, 2016
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ивановски: Владата ја игнорира волјата на граѓан(к)ите

July 5, 2016 13:18
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Владата во “Службен весник” ја објави одлуката за продолжување на постапката за реновирање на Трговскиот центар во Скопје во барок, повторно се разбранува јавноста која веќе на референдум гласаше за зачувување на автентичноста на ГТЦ. На таа тема, ЦИВИЛ Медиа, разговараше со архитектот Дејан Ивановски, член на Асоцијацијата на архитекти. 

„По сите активности кои ги презедовме, протести, петиции, дебати, па дури и организирање на референдум, Владата продолжува со својата агенда. Ова само го потврдува нејзиниот игнорантски однос. Но, ние нема да престанеме да се бориме за зачувување на ГТЦ. Тоа што ние, архитектите, можеме да го направиме е – повторно да протестираме и да поттикнеме што поголем број на граѓан(к)и да не поддржат. За правните механизми, оставаме на правниците. Во секој случај, ќе направиме се да не дозволиме барона фазада на ГТЦ”, вели Ивановски кој е решителен дека не треба да се остави Владата да го реализира тоа што го наумила.

10422497_693090190809453_3040695743002505588_n
28 декември 2014

Од граѓанската иницијатива “Го сакам ГТЦ”, потсетуваат на сите активности кои беа направени за заштита на овој објект.

„Досега пробавме сè за да го заштитиме нашиот сакан ГТЦ. Го гушкавме, го браневме, му пеевме песни, едукативни прошетки, издававме книги, ја обединивме стручната и општа јавност за негово зачувување. Што е најважно, минатата година организиравме референдум каде ГТЦ доби повеќе гласови од било кој политичар или партија претходно”, стои во нивното соопштение.

Според нив, системското уништување на градската архитектура претставува поголем вандализам од боењето на објектите изградени со проектот „Скопје 2014″.

И од СДСМ, реагираат на новата одлука за промена на изгледот на неколку објекти по кои е препознатлив Скопје.

„Новата лудост на власта на Никола Груевски нема да успее. Граѓаните нема да дозволат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библиотека да ги сменат фасадите во барокни. Пред да има можност да се реализира оваа безумие, ќе дојде до смена на власта на фер и демократски избори. Новата, демократска власт веднаш ќе ги стопира овие криминални проекти”, се вели во соопѓтението, во кое СДСМ ги повикува сите домашни и странски градежни компании да не учествуваат на повикот за реконструкција на овие објекти.

ЦИВИЛ – Центар за слобода активно ги поддржа сите активности за заштита на автентичниот изглед на ГТЦ, вршеше мониторинг на референдумот, известуваше на нерегуларностите и притисоците од владејачката партија, а тоа ќе продолжи да го прави и во наредниот период.

Барокот за ГТЦ го осмислија Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Според нивниот проект трговскиот би се надградил за уште еден кат, би се затворил од сите страни и би се направиле влезови со антички столбови, а  на покривот предвидени се три куполи како оние на Собранието и скулптури.

Сегашниот објект на ГТЦ е изграден според идејното решение на професорот Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година ја добил наградата за проектот. ГТЦ е изграден во 1971 година, од средствата за солидарност по земјотресот на Скопје.

 

 

Tags: баркокГТЦМакедонијареферендумЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ