На денешната попладневна комисиска расправа во Собранието, се случи инцидент помеѓу пратениците и претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми.
До инцидентот дојде кога Адеми, кој раководеше со седницата, по два часа задоволување на барањата за процедурални приговори, го стави дневниот ред на гласање. По што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ противејќи се на законските измени, го заобиколија пултот на Адеми и како што се гледа на видеото, го корнеа микрофонот.
Адеми видно вознемирен возврати со фрлање предмети по пратениците. Инцидентот заврши со расечена рака на Адеми.
За инцидентот сè уште нема официјално соопштение од Собранието. ДУИ издаде соопштение во кое се вели:
„Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и со физичко насилство, со цел да го заштитат криминалот.“
Д. Т.












