• Latest

Ковачевски: Неприфатливи се предлози без јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет

June 29, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Неприфатливи се предлози без јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет

June 29, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања ги потенцираше јасните позиции искажани и во Брисел, околу стратешката определба на Република Северна Македонија кон ЕУ, со целосна заштита на националните интереси на граѓаните и на државата,

„Во однос јавната дискусија која се водеше во однос на одредени нацрт идеи коишто ги имаше претседателството на ЕУ за можноста надминување на разликите кои ги има Република Бугарија со нас – многу јасно кажав дека за мене, за Претседателот на државата, за коалиционите партнери и за граѓаните не се прифатливи идеи коишто не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и коишто во мултилатерални преговори со ЕУ ќе бидат исклучиво за прашања кои се поврзани со мерит системот односно да не вклучуваат билатерални прашања во мултилатерални рамки. Тоа беше многу јасно кажано и многу јасно повторено, рече Ковачевски.

Тој уште еднаш, пред сите граѓани на државата повтори дека историските прашања не можат и не треба да бидат критериуми за преговарачка рамка и преговорите за Северна Македонија со ЕУ, или со која било друга организација. Второ, преговорите со ЕУ мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измени на Уставот со цел внесување на Црногорците, Хрватите, Бугарите, граѓаните кои така се самоопределуваат, кои тоа го бараат, да станат дел од преамбулата од Уставот. И трето дека и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес за пристапување кон ЕУ.

Доколку се постигне разбирање на овие позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори и за истите да разговараме, со сите кои се наши партнери во ЕУ. Исто така сакам да повторам дека како секоја друга држава, којашто верува во ЕУ, така и ние сакаме и треба да влеземе гордо со сите наши различности, кои ќе ги почитуваат другите во однос на нас, исто како што ние ги почитуваме сите туѓи различности и со сета почит за своите и туѓите лингвистички и историски различности. Ништо повеќе, ништо помалку“, рече премиерот Ковачевски.
Тој посочи дека Република Северна Македонија има усогласено 45 проценти од законодавството со европското законодавство, дека е пример за соживот во државата, како што е пример за успешна регионална соработка.
„Тука би сакал да ја истакнам и иницијативата Отворен Балкан, којашто не претставува никаква замена за членство во ЕУ, туку е практична имплементација на четирите слободи: за слободно движење на луѓе, капитал, стока и услуги. Добро е што ЕУ тоа го поддржува, добро е што САД тоа го поддржува. Со Отворен Балкан нема веќе тензии, нема разговори за минатото, туку само за иднината, истакна Коввачевски.
Ковачевски нагласи дека ние сме земја членка на НАТО и земја којашто во целост ја има усогласено својата надворешна политика со политиката на ЕУ.
Ние сме Европа и нашето место е во Европа и еден ден гордо со крената глава ќе станеме членка на ЕУ“, порача премиерот Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.
М.Д.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ