• Latest

Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст, со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии

June 29, 2022
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
Protests in Paris, France- September 18
Source: Times Now screenshot

Во тек е најголемиот штрајк во Франција во последните години е во тек поради политичката криза

September 18, 2025
Фото: ДИК

ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за Локалните избори

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
euronews

Макрон ќе понуди „научни докази“ пред американскиот суд за да докаже дека неговата сопруга, Брижит е жена

September 18, 2025
industrial-cooling-towers-energy-facility
Source> Freepik

Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа

September 18, 2025
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

September 18, 2025
Фото: ЦУК

Вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола во изминатото деноноќие

September 18, 2025
претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференција во Белата куќа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Федералните резерви ги намалуваат каматните стапки, предупредуваат за застојот на пазарот на трудот во САД

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст, со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии

June 29, 2022 19:47
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Зголемување на платите во јавниот сектор ќе има и воведување на методологија за пораст на платите која што ќе зависи, како од порастот на трошоците за живот, од зголемување на просечната плата, така и од зголемувањето на перформансите на работниците. Ова го истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање, истакнувајќи дека продолжува социјалниот дијалог со ССМ, бидејќи одлика на оваа Влада е носење одлуки низ дијалог кој не беше опција на владата предводена од опозицијата, информираат од владината прес служба.
,,Во јавниот сектор има вклучително и нас овде сите, 132 илјади работници и тие работници својата плата ја примаат од работниците во приватниот сектор. Работниците во приватниот сектор кога работат тогаш тие ја заработуваат својата плата, плаќаат персонален данок од својата заработка што ја заработиле, плаќаат пензиско и инвалидско осигурување, плаќаат социјално осигурување и ги плаќаат останатите давачки кон државата. Ние што работиме овде ништо од тоа не плаќаме, тоа ни го плаќаат даночните обврзници, даночни обврзници се тие кои што го полнат Буџетот од сумата која што ја остваруваат како приходи, дополнително и даноците кои што компаниите ги плаќаат како Данок на добивка, која што добивка пак ја остваруваат работниците во тие компании”, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека социјален дијалог со ССМ се однесува на вработените точно во јавниот сектор.

,,Вработените во јавниот сектор треба да имаат поголеми плати, но дијалогот треба да се води на 3 теми, првата тема е зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, вклучително и на сите овде пратеници, министри, претседател на Влада, институции и т.н, во која што методологија нема да биде земено само зголемија палтата, која што ќе ја платат вработените во приватниот сектор, туку треба да биде земено во предвид и зголемувањето на продуктивноста на трудот и давање на повисоки услуги на тие кои што ги обезбедуваат тие финансиски средства. Што значи дека таму разговараме за воведување на методологија која што ќе треба да обезбеди зголемување на платите, исто како што донесовме методологија за зголемување на минималната плата од година во година”, рече Ковачевски.
Премиерот најави воведување на закон за плати во кој што ќе се знае која ќе биде конзистентноста и структурата на платите во државата.

Ковачевски истакна дека такви закони се болни, голем дел од државна управа не сакаат да ги прифатат, бидејќи во секоја институција има вработени кои што имаат и над просечни плати, меѓутоа има и вработени во институции кои што имаат помали плати, подпросечни плати а врз кои што паѓа добар терет од работата меѓутоа заради хронолошки историски нерешени системски прашања тоа останало така.

Затоа јас давам задача и тоа беше јавно објавено како одлука на Влада, на Заменик претседателот за економски прашања, на Министерството за финансии, на Министерството за труд и социјална политика да изготват такво законско решение, а социјалниот дијалог со ССМ да се води во насока на воспоставување на методологија која што ќе обезбеди плати поголеми согласно со критериумите кои што ги кажав”, рече премиерот Ковачевски.
 Ковачевски, истакна дека со ребалансот на Буџетот за 2022 година кој очекува наскоро да го изгласа Собранието се обезбедуваат дополнителни скоро 80 милиони евра за брза реакција и нови мерки за заштита стабилноста на граѓаните и компаниите во услови на економската криза.
„Со оглед на тоа дека ефектот на кризата е пролонгиран заради војната во Украина и со оглед на тоа што цените на светските берзи и на енергенсите и на нафтените деривати и на храната и суровините постојано растат тоа беше една од претпоставките при конципирањето на ребалансот на Буџетот за 2022 година. Буџет којшто обезбедува стабилност и поддршка на граѓаните и компаниите и одржување на стандардот и ликвидноста на компаниите. Овие пари се да се поддржат граѓаните, компаниите кои што средства ќе бидат насочени за подготовка на мерки кои што ќе бидат таргетирани кон овие категории на граѓани и компаниите. Во самиот ребаланс на Буџет предвидени се и 52 милиони евра за земјоделците а обезбедени се и финансиски средства за покачување и исплата на пензиите, и на платите во образованието и детската заштита како и субвенции за покачување на минималната плата. Сето ова во моментот се наоѓа на гласање пред пратениците“, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека вкупните приходи на Буџетот се зголемени заради добрата наплата на изворните приходи на Буџетот и приходите на фондовите а исто така и зголемени се вкупните расходи со цел финансирање на антикризните мерки до крајот на годината. Врз основа на планирани приходи и расходи дефицитот е планиран да биде поголем во однос на оригинално планираниот меѓутоа помал од она што се претпоставуваше и шпекулираше и дефицитот е проектирана на 5,3% од БДП во којшто нормално влегува и отплатата на долгот кон странство од минатото и исплатата на каматата по основ на тие задолжувања.

Премиерот Ковачевски посочи дека одговорноста во вакви услови за секоја Влада е огромна затоа што мора да се мисли на граѓаните, мора да се мисли на компаниите. Прво на најранливите категории на граѓани со цел да се заштити нивниот животен стандард, а од друга страна да се обезбеди ликвидност на компаниите со цел да може да функционираат и да се обезбеди понатамошен економски развој на истите.

„За таа цел, беа донесени 26 анти кризни мерки коишто тежеа 400 милиони евра и дополнително субвенционирање на електрична енергија што севкупно значеше таргетирани издатоци од 610 милиони евра, коишто издатоци обезбедија мерки да немаме ценовни шокови за граѓаните и да имаме најниски цени на енергенсите и особено на електрична енергија во целиот регион“, рече Ковачевски.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    241 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    210 shares
    Share 84 Tweet 53
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ