• Latest

Тупанчески: Недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до  сериозни импликации на судскиот систем

June 30, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчески: Недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до  сериозни импликации на судскиот систем

June 30, 2022 12:45
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем, информираат од Министерството за правда.

,,Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работни односи, на 60-тина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот век. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи дека голем дел од постапките ќе треба да почнат одново. Да не заборавиме, не се работи за една или за две постапки, кога се менува судијата во постапката тогаш процесот започнува одново. Тоа е првата работа. Тука се разбира како даматлов меч ни виси и институтот на застареност, дел од постапките коишто се во тек или кои што се движат може да имаат одредена застареност во однос на нивниот правен епилог,, изјави Тупанчески.

Според министерот, инсуфициентноста на судиите и јавните обвинители е комплексна проблематика и затоа во опција имало три решенија.

Едниот предлог за решавање на актуелниот проблем бил да се даде можност на лица коишто имаат одредено искуство во сферата на правосудството како што се адвокати, стручни соработници со пократка обука да бидат дел или да бидат решение од овој проблем.

Втората опција била да се зголеми бројот на слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, како некој вид на бајпасирање на актуелната состојба и

Третата опција е  со измени на Законот за работни односи  да се продолжи за три години работниот век на судиите и јавните обвинители.

За првпат во историјата на државата се случува во еден ваков момент волку голем број на судии и јавни обвинители да одат во пензија, рече Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Регионалниот форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан”.

И Евроамбасадорот Гир на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ упати јасна порака дека ЕУ очекува поддршка од пратениците за Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите.

„Пензионирањето на голем број судии останува предизвик. Затоа, предлог измената е важна за да се надополни недостатокот на персонал во судството и обвинителството. Чекаме да се комплетира и бројот на судии во Уставниот суд без кои тој не би можел да функционира.“ рече Гир.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ