• Latest

Макрон убеден дека е постигнато решение за спорот, според Петровска – граѓаните се клучни во борбата против хибридните закани, Русија побегна од Змискиот остров, разобличени големите лаги на Лавров

June 30, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Макрон убеден дека е постигнато решение за спорот, според Петровска – граѓаните се клучни во борбата против хибридните закани, Русија побегна од Змискиот остров, разобличени големите лаги на Лавров

June 30, 2022 16:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Макрон: Мислам дека најдовме компромисно решение за Северна Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција на самитот на НАТО во Шпанија, изјави дека чувствува дека е најдено компромисно решение за преговарачката рамка за членство во Европската унија за Северна Македонија, во која ќе биде вклучена и Бугарија.

„ Мислам дека најдовме компромисно решение“, рече тој.

До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови, информираат од Владата.

Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани

“Она што нам ни е потребно е зголемување на ефикасноста и квалитетот на нашите институции преку професионализација на кадрите. Исто така, ни треба образование кое ќе ги оспособува граѓаните за критичко размислување. Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани за функционирањето на едно општество кое ќе се базира на доверба, а не на раздор”, истакна Славјанка Петровска, министерката за одбрана, Славјанка Петровска во рамките на Самитот на НАТО во Мадрид  на работната вечера на министрите за одбрана на НАТО на која се дискутираше на темата: “Влијанието на Хибридните закани во Западен Балкан”.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Опсежната истрага на Амнести интернешенел заклучи дека руските воени сили извршиле воено злосторство кога намерно го нападнале драмскиот театар во Мариупол во март, при што убиле најмалку десетина луѓе и веројатно многу повеќе.

*

Издадена е наредба Русија да обезбеди да нема смртна казна за двајцата Британци, заробени по борбата во Украина, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). СЧП информираше за издадената наредба за привремена мерка до Русија, барајќи „да обзбеди да не биде извршена смртната казна изречена на подносителите на барањата и да обезбеди соодветни услови за нивниот притвор и да им ја даде сета потребна медицинска помош и лекови“.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на неговото традиционално видео обраќање до Украинците, изјави дека Украина ќе направи се за да ги врати од руското заробеништво сите бранители кои моментално се наоѓаат таму.

„Околу 144 украински војници се вратија дома од руско заробеништво, вклучувајќи 59 војници на Националната гарда, 30 – морнарица; 28 – армија, 17 граничари, девет борци за територијална одбрана и еден полицаец. Најстариот од ослободените има 65 години. , а најмладиот има 19 години. Конкретно, 95 бранители на Азовстал се враќаат дома“, рече Зеленски, коментирајќи ја вчерашната размена на затвореници.

*

Руските сили се повлекоа од Змиски остров во близина на украинскиот брег во Црното Море како „знак на добра волја“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесува МИА. Министерството соопшти дека овој потег покажува дека Русија не ги попречува напорите на Обединетите нации за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина.

*

Службата за безбедност на Украина (СБУ) откри дека руските ракетни напади врз трговскиот центар Амстор со седиште во Кременчук биле лансирани од воздушниот простор на регионот Курск, објави Службата за безбедност на Украина на Телеграм

АНАЛИЗА

Министерот Лавров и морето од лаги

“За лагите на Кремљ и лажните тврдења на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе се говори и пишува со генерации. И пак ќе биде малку за да се опишат и разобличат сите големи лаги на руската пропагандна машинерија“, пишува Драган Мишев.

„Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, исто така, со дезинформации се обиде да манипулира со чувствата на православните верници во светот со изјавата дека САД работат на уништување на православието. Изјавата ја даде на 4 јуни, истиот ден кога артилеријата на руската армија погоди украинска православна црква во кругот на манастир стар 500 години. Притоа, уништи и една црквата што ја преживеа и нацистичката окупација во Втората Светска Војна.

Крајот на лагите на руските највисоки државни претставници не се гледа. Лавров е само еден од најгласните гласноговорници на големите руски лаги…“, заклучува Мишев.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОБРАНИЕ Собранието на Република Северна Македонија ја почна 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до полноќ. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација.

НАТО Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во рамки на Самиот на НАТО одржа работни средби со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и со британскиот премиет Борис Џонсон.

ИЗБОРИ Од денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово и согласно роковниот, ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на ДИК во Општина Тетово.

ПРАВДА ,Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работни односи, на 60-тина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот век. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи дека голем дел од постапките ќе треба да почнат одново. Да не заборавиме, не се работи за една или за две постапки, кога се менува судијата во постапката тогаш процесот започнува одново. Тоа е првата работа. Тука се разбира како даматлов меч ни виси и институтот на застареност, дел од постапките коишто се во тек или кои што се движат може да имаат одредена застареност во однос на нивниот правен епилог,, изјави министерот за правда Никола Тупанчески.

СПОР „Сакаме да се признае македонската култура, македонскиот јазик, нашата етничка припадност и посебноста што ја имаме како Македонци и како што неколкупати напомена нашиот премиер, „Да“ нашата стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, но не сакаме ништо повеќе или помалку отколку што заслужуваат, сакаат или имаат другите земји-членки на ЕУ“, одговори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во ексклузивното интервју за албанската телевизија „Топ ченел” на прашање за спорот со Бугарија, информираат од Министерството за култура.

НЕИЗВЕСНОСТ Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска, нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Северна Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство, а во Софија, пак, молк откако минатата недела Парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков.

ПРОЕКТ Поставување на основата за подготовка на интегрирана Национална стратегија за обезбеденост со храна во Северна Македонија ќе биде во фокусот на нов проект на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ЕНЕРГИЈА Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1 јули стартува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата. Тоа значи еден вид на праведен данок, оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помалку, за разлика од оние кои што трошат повеќе ќе плаќаат повеќе.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ