• Latest

Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог

June 30, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог

June 30, 2022 22:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пристигнат е предлог од француското претседателство за спорот со Бугарија, по нашата интервенција во Брисел. Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции, изјави вечерва на прес-конференција во Владата премиерот Димитар Ковачевски.

Деталите околу предлог документите, Ковачевски рече дека ќе бидат изнесени во консултации со медиумите од страна на министерот за надворешни работи и вицепремиер за европски интеграции почнувајќи од утре, но нагласи дека нашите забелешки се содржани во новиот предлог – дека историските прашања и протоколот од Договорот за добрососедство не може да бидат дел од преговарачката рамка.

Ковачевски, најави дека ќе следи широк консултативен процес, со владината коалиција, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата.

Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултати. Затоа апелирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации од институциите. Процесот ќе биде транспарентен и ние ќе ги споделиме со јавноста релевантните детали по што ќе може да се донесе финална одлука. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани, изјави Ковачевски.

Предлогот, како што посочи Ковачевски, е стигнат по нашата интервенција во Брисел и во него се содржани нашите забелешки.

Нашите забелешки се содржани во новиот предлог и кој што се наоѓа во моментот на анализа во МНР и можеме да го отпочнеме процесот на консултации кај нас. Во однос на историските прашања едно од нашите барања беше дека историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог документ којшто е стигнат во МНР, изјави Ковачевски.

Прашан дали протоколот од Договорот за добрососедство со Бугарија не е дел од преговарачката рамка, Ковачевски рече дека во однос на одвивањето на самиот процес на претпристапни преговори со ЕУ, тоа е дефиниран процес во рамки на Унијата којшто е дел од стандардите во ЕУ, како и дел од преговарачката рамка и тој процес го водат земјите членки на ЕУ од моментот кога земја кандидат ги отпочнува преговорите.

Во однос на протоколот којшто го спомнувате, тој протокол не е прв протокол. Значи, тоа е втор протокол од Комисијата која што работи на следење и на спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој Договор за добросодство со Бугарија е еден од документите кој што ние сме го потпишале, одобрен во Собранието и протоколот којшто е усогласен, исто така детали ќе бидат презентирани од страна на МНР. Протоколот нема да биде дел од преговарачката рамка, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека предлогот ќе биде доставен до Собрание и согласно собраниските процедури ќе биде спроведено така како што е потребно, бидејќи, како што рече, Владата не може да се меша во работата на Собранието.

Во однос на прашањето за вклучување на други граѓани коишто се самоопределуваат на различен начин од граѓаните коишто веќе се дел од Уставот и тука не зборуваме само за граѓаните коишто се со бугарско самоопределување, туку и за оние со хрватско и со црногорско. Ние веќе имаме изјави од сите политички актери во државата дека тоа е процес којшто сите ќе го поддржат, изјави Ковачевски.

Во однос на поддршката и во однос на консензуалното прифаќање, Ковачевски рече дека треба да биде со најширок консензус, бидејќи на ваков начин ние правиме исчекор кон отворање на првата меѓувладина конференција на земјава со ЕУ.

Првата меѓувладина конференција секогаш значи почеток на скрининг процесот, меѓутоа за деталите во однос на фазите во меѓувладините конференции од првата па понатаму за деталите ќе информира утре вицепремиерот за евроинтеграции во чија што исклучива надлежност на него и на неговите колеги е овој процес, изјави Ковачевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ