• Latest

Ковачевски: Лесно е да отфрлиме, но потребно е мудрост – предлогот ги инкорпорира нашите забелешки и има чист став за јазикот

July 3, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Лесно е да отфрлиме, но потребно е мудрост – предлогот ги инкорпорира нашите забелешки и има чист став за јазикот

„Во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава, потребна е мудрост и одговорност и објективно анализирање на сите сценарија грижејќи се за иднината за нашите деца. Од ова прашаење не смееме да правиме дневна политика. Ова е историски важно и стратешко прашање на кое секој политичар, граѓанин треба да му пристапи многу сериозно, кажа Ковачевски.  

July 3, 2022 18:14
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно израени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми. Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен. Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астерикси, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Клубот на пратениците, во рамки на широките консултации во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Севеерна Македонија со ЕУ.  

Ковачевски истакна дека предлогот ги става билатералните и историските прашања надвор од преговарачката рамка.

– Отворените прашања треба да бидат затворени, но за тоа ќе имаме време се додека истите не се достоинствени и за двете страни. Европската унија посочува дека тоа треба да се реши на билатралната основа и затоа ова не е никако дел од рамката за преговори. Добрососедските односи како такви се фундамент на ЕУ. Ние сме се согласиле дека ќе го прифатиме тоа како факт уште во 2001 година кога е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во тој дух, по тој принцип и по таа воспоставена пракса наша обврска како членка на Унијата ќе биде да работиме на добрососедските односи и тоа ќе го правиме преку исполнување на Договорот за добрососедство исто како што го правиме и со исполнување на Договорот од Преспа, рече премиерот.  

Посочи дека протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија не е нотиран и не е дел во преговарачката рамка. Тоа е билатералне документ, кој не е дел од европскиот пакет.  

– Овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните приговори на Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. Преговорите со ЕУ ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот.  Сите сме свесни за чувствителноста по однос на ова прашање. Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да изберме нова неизвесност. Но, во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава, потребна е мудрост и одговорност и објективно анализирање на сите сценарија грижејќи се за иднината за нашите деца. Од ова прашаење не смееме да правиме дневна политика. Ова е историски важно и стратешко прашање на кое секој политичар, граѓанин треба да му пристапи многу сериозно, кажа Ковачевски.  

Тој апелира сите да се држат до фактите, до официјалните документи и нивната правилна интерпретација. Ги повика сите политички чинители да ја земат предвид големината на задачата и да постапуваат конструктивно, одговорно и државнички.

Нагласи дека Владата доследно се држи до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед, го штити националниот интерес и македонскиот јазик и идентитет.  

– Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме и за кои Собранието усвои Резолуција и тоа го направивме и тоа го правиме. И тоа се уште го правиме и ќе го правиме во секој следен чекор од овој процес, рече премиерот.  

Ова, според него, е историски момент за земјата, еден од ретките како што е независноста на Република Македонија, како Охридскиот договор, Договорот од Преспа.

– Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел – полноправно членство во ЕУ. Тоа е нешата визија и тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата затоа што им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки, порача Ковачевски во изјавата за медиуми по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ