„Денес во нашата земја се одбележуваат два значајни професионални празници: Денот на Воено-Поморските сили на Украина и Денот на противвоздушните ракетни сили. Искрено им честитам на сите бранители и бранителки на Украина кои служат во овие сили, им честитам на сите ветерани од флотата, на сите ветерани од противвоздушната одбрана. Благодарение на вашата служба и вашата храброст, спасени се илјадници животи на нашите луѓе“, вели Володомир Зеленски, украинскиот претседател во редовното видео обраќање.
„Главна задача на државата е да направи сè за нашите херои, нашите војници од сите гранки на војската да имаат се што е потребно за одбрана на државата, да имаат најмодерно оружје. Не е лесно, вреди многу труд, бара многу преговори, но такво снабдување ќе обезбедиме. Украина ќе го достигне нивото кога ќе се израмни огнената супериорност на окупаторите. Не губиме ниту еден ден – ги убедуваме нашите партнери, воспоставуваме нови врски, ги користиме сите можности – политички, дипломатски, информативни…“, додава Зеленски.
„На сите во светот – и, сигурен сум, на сите луѓе со здрав разум и во самата Русија им е јасно дека Украина ќе победи. Тоа е само прашање на време. Ова е прашање, за жал, на загубите што ги трпиме, пред се на луѓето. Ова е прашање на модерно оружје, кое мора да го добиеме и дефинитивно ќе го добиеме“, вели Зеленски.