• Latest

Украинските сили одбија напад врз Словјанск, но се стравува дека градот ќе биде нападнат заедно со Краматорск

July 8, 2022
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските сили одбија напад врз Словјанск, но се стравува дека градот ќе биде нападнат заедно со Краматорск

July 8, 2022 17:42
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Украинските воени сили успеаја да го одбијат нападот врз градот Словјанск во Донецката област во близина на Бородичне, при што руските сили биле приморани да се повлечат, јавува Укринформ.

Сепак, британското Министерство за одбрана и Институтот за истражување на војната предупредуваат дека руската војска во најновата офанзива би можела да изврши симултан напад врз Словјанск, но и врз Краматорск како два најголеми града во Донецката област што се наоѓаат под контрола на украинските сили.

Укринформ ја пренесува анализата на Институтот за истражување на војната, во која се вели дека руските сили би може да го заобиколат Барвинкове и да нападнат од овој правец или да се придвижат преку автопатот Изијум-Словјанск за да напредуваат кон Краматорск.

„Руските сили можеби пробуваат да воспостават услови за евентуален напад на Краматорск – што би се одвивало паралелно со напредокот кон Славјанск“, се наведува во анализата.

Британското Министерство за одбрана во своето соопштение вели дека руските сили се подготвуваат за напад на градот Сиверск во Донецката област. Тоа би им било првичната цел пред да се обидат на напредуваат кон нивната најзначајна цел – урбаната област Словјанск-Краматорск, јавува Гардијан. Инаку, Краматорск пред почетокот на војната имаше 150.000 жители, додека Словјанск пред руската агресија имаше околу 140.000 жители.

Гардијан ги пренесува извештаите на украинските власти за артилерските напади во Харкивска област во текот на изминатово деноноќие, во кои загинале најмалку четири цивили, а девет лица биле повредени. Во оваа област, руските сили биле спречени од Украинците да напредуваат во правец кон населеното место Дементивка.

Украинските сили успеваат да извршат офанзивни дејствија во Херсонската област на југот на земјата, каде што се обидуваат да ослободат дел од окупираната територија од руските сили./META/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ