Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса најави дека ќе се повлече од функцијата откако демонстрантите упаднаа во државната резиденција и ја запалија куќата на премиерот, јави би-би-си.Во тоа време во објектите не беа ниту премиерот ниту претседателот.
Стотици илјади луѓе се спуштија во главниот град Коломбо, повикувајќи го г-дин Раџапакса да поднесе оставка по неколкумесечните протести поради лошото управување со економијата.
Г-дин Раџапакса ќе се повлече на 13 јули. Премиерот Викремесинг се согласи истотака да поднесе и он оставка.
Претседателот на парламентот рече дека претседателот одлучил да се повлече „за да обезбеди мирно предавање на власта“ и ја повика јавноста „да го почитува законот“.
Објавата предизвика ерупција на славенички огномет во градот.












