• Latest

АЕТМ и ДЗР во заедничка иницијатива за подобрување на статистичките податоци за е-трговија во Македонија

July 11, 2022

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АЕТМ и ДЗР во заедничка иницијатива за подобрување на статистичките податоци за е-трговија во Македонија

July 11, 2022 12:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од напорите за подобрување на методологијата и квалитетот на податоците за е-трговијата, приближување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ и следење на трговијата во Република Северна Македонија во рамките на Спогодбата на ЦЕФТА, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со Државниот завод за статистика, организираше тркалезна маса за дискусија на можностите и начините за подобрување на методологијата на податоците за е-трговија.

Една од главните причини за ваквата иницијатива, како што потенцираат организаторите, е недостатокот на податоци кои нашата земја може да ги понуди во европските извештаи за е-трговија, а се важен предуслов за утврдување на тековните состојби поврзани со е-трговијата во Северна Македонија и проекциите за нејзин раст и развој во иднина.

На тркалезната маса, која е организирана како прва заедничка активност на АЕТМ и ДЗС по потпишувањето на меморандумот за соработка, беше иницирана соработка и дискусија помеѓу релевантните институции кои во своето работење прибираат, анализираат и овозможуваат пристап до податоци за е-трговијата, организациите од невладиниот сектор и компаниите од бизнис секторот во областа на е-трговија, а во насока на донесување на конкретни акции кои секоја од засегнатите страни ќе се стреми да ги имплементира во следниот период.

„За да може да се следи растот и рзавојот постигнат во е-трговијата AETM уште во првата сеопфатна анализа од 2018 година ја нагласи потребата за поголем обем и подобар квалитет на прибраните податоци. За да имаме реална и релевантна слика за состојбата во нашата земја, за да знаеме каде сме и како прогресираме, да се споредиме со другите земји, да носиме информирани одлуки и препораки за преземање дејствија за натамошен раст, неопходни се квалитетни и сеопфатни податоци. Особено ќе го нагласам отсуството на податокот за уделот на е-трговијата во вкупната малопродажба, клучен индикатор кој би овозможил да го согледаме релативното учество на обемот на пазарот на е-трговија во малопродажбата, како и да направиме споредба со другите земји. Овој податок е значаен и за компаниите за да можат да го одредат својот пазарен удел. Исто растот на е-трговијата во потесна смисла на зборот, која ги опфаќа само е-продажбите со платежна картичка, се следи преку платежните статистики на НБРСМ кои во вкупната вредност на онлајн продажби ги вклучуваат и онлајн плаќањата на сметки за комуналии, како и владини услуги, па оттаму не може да се заклучи колкав дел од е-плаќањата всушност се направени во малопродажба. Од дискусијата со релевантните институции произлегоа неколку идеи и значајни заклучоци за подобрување на начините на прибирање на податоци за е-трговија, по кои ќе се преземат конкретни чекори во следниот период.“, изјави претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска.

Од Државниот завод за статистика ја потврдија подготвеноста на институцијата да одговори на ова барање на засегнатите страни, но го потенцираа и проблемот за системски недостаток на потребните податоци.

„ Државниот завод за статистика во согласност со Европските методологии спроведува две примерочни истражувања за Информатички и комуникациски технологии, нивното користење во домаќинствата и од страна на поединци и нивното користење во деловните субјекти, во кои е опфатена и е-трговијата, но ова се податоци кои опфаќаат само дел од аспектите на е-трговијата. Оттука, наша должност е заеднички да најдеме начин како посеопфатно да обезбедиме статистички податоци за обемот на стоки и услуги кои се набавуваат on-line, како и за обемот на финансиските трансакции кои се реализираат со е-трговијата. Сигурен сум дека денешната дискусија во голема мера ќе допринесе со идеи и предлози за постигнувањето на зацртаната заедничка цел – добивање на квалитетни и сеопфатни статистички податоци за е-трговијата.“, потенцираше Апостол Симовски, директор на ДЗС.

Учесниците на тркалезната маса беа едногласни кога станува збор за заедничкиот интерес на сите засегнати страни од подобрување на квалитетот на податоците за е-трговија, а беа коментирани и разгледувани примери од земјите од соседството, но и од Европската Унија.

Централниот регистар на РСМ, Управата за јавни приходи и Царинската управа уште еднаш ја потврдија својата континуирана заложба во оваа област, покажувајќи ја нивната спремност во идниот период да ги воведат потребните измени со кои би се збогатиле податоците поврзани со е-трговијата во нашата земја, особено во делот на плаќањето на нарачки направени во странство.

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните институции и компаниите од секторот на е-трговијата кој е клучен за подигнување на свеста за потенцијалот на е-трговијата, постигнување напредок на полето на прибирање и анализирање на релевантни податоци за е-трговија и доближување до развиените земји.

Со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на обезбедување на информации, едукација и поддршка на членовите на Aсоцијацијата со релеватни податоци за е-трговија, претседателката на АЕТМ Д-р Нина Ангеловска и Директорот на ДЗС, г-дин Апостол Симовски потпишаа меморандум за соработка.

Со потпишување на меморандумот двете страни ќе се заложат заеднички да реализираат активности кои ќе придонесат за подигнување на свеста за значењето на е-трговијата, како и за надградба и прилагодување на прибирањето на податоци за е-трговија и за креирање на појасна слика за нејзината вредност и обем,

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ