• Latest

Костадиновска-Стојчевска:  И „Охридско лето“ е потврда на македонскиот идентитет како дел од европската култура

July 13, 2022
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска:  И „Охридско лето“ е потврда на македонскиот идентитет како дел од европската култура

July 13, 2022 11:34
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

– Со години „Охридските лета“ се отвораа или се затвораа со фанфари и со мелодијата по Прличевите болни и тешки зборови од „Илјада и седимстотини шесдесет и второ лето“. Но, и покрај „словото горко, словото жалосно“ од Цариград, ние имавме вера, имавме црква – ниту со декрет нè укинаа, ниту со декрет можеа да ни земат – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на отворањето на шеесет и второто фестивалско издание на „Охридско лето“, информираат од Министерството за култура.

Министерката нагласи дека на шеесет и второто „Охридско лето“ ние ја дочекавме убавата вест, го доживеавме повторниот благослов, ла зачувавме својата црква, ја возобновивме Охридската архиепископија .

– И денеска, на шеесет и второто „Охридско лето“ да кажеме – Цариград „излеа вино и елеј“ како мелем на раните кои пред двесте и шеесет години ни ги отвори. Ние ја дочекавме убавата вест, како секогаш, исправено, ние на нозе го доживеавме повторниот благослов. Ја зачувавме својата црква, ја возобновивме Охридската архиепископија во ликот на Македонската православна црква, генерации и генерации со исконска љубов го чуваа и го зачувавме идентитетот македонски – истакна Костадиновска-Стојчевска.

И „Охридско лето“, посочи министерката, е потврда за нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската култура.

– Нашиот поглед кон минатото не е за да ѝ го завртиме грбот на иднината. Не. Во нашето минато нема ништо од што би се срамеле за да мораме да го вртиме погледот од него. И нашиот јазик, и нашата музика, и нашите слики, и нашите книги, и нашите ора, и нашите куќи, и нашата кујна – сè е идентитет. И тоа што сме Македонци е идентитет, идентитет што го наследуваме, а од нас зависи дали ќе го надоградиме, ќе го носиме во срцето или само ќе го вртиме по потреба низ уста. Идентитет е и домашното воспитание. Идентитет е и љубовта кон сопствената култура и уметност – потенцираше министерката Костадиновска-Стојчевска.

Според неа, „Охридско лето“ е врвен културен настан, достоен за светско внимание. Секое негово издание е нов хоризонт, нова далга.

– Да убедувам некого дека говорам на македонски и дека сум Македонка е исто како да ве убедувам дека вечерва сте тука, на отворањето на уште едно „Охридско лето“ – рече за крај министерката.

Шеесет и второто фестивалско издание беше отворено со грандиозен концерт на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет.

Љубителите на уметноста во следните 40 дена ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Предвидено е да настапат над 1000 уметници од 25 земји.

М.Д.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ