• Latest
Протести, Скопје, 6 јули 2022 г. Скриншот од аматерска видео снимка, објавена на Фејсбук.

Антиевропските протести се „издишани“, но политичкото насилство од антизападните инсталации не е исклучено

July 14, 2022

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Антиевропските протести се „издишани“, но политичкото насилство од антизападните инсталации не е исклучено

July 14, 2022 10:45
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Протести, Скопје, 6 јули 2022 г. Скриншот од аматерска видео снимка, објавена на Фејсбук.

Протести, Скопје, 6 јули 2022 г. Скриншот од аматерска видео снимка, објавена на Фејсбук.

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Како што е познато, предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со Европската Унија, која ја претстави Француското претседателство со Унијата беше дочекана „на нож“ од опозицијата. Фамозната рамка застана на прагот на Парламентот на 15 јули.

Во меѓувреме беа покренати секојдневни протести против „францускиот предлог“ на кои имаше неколку посериозни инциденти, беа повредени повеќе од 50 полицајци, имаше десетици приведувања и беа поднесени неколку кривични пријави. Но во последните два-три дена стивнаа, иако не исчезнаа, вообичаените скандирања за „чиста Македонија“, „гасни комори…“ и “клетите…“. Некои ќе оценат дека протестите „издишаа“ или барем дека течат невообичаено мирно, особено ако се земе предвид кои структури ги организираат.

До моментот кога на „сцената“ се појавија гилотини и животни, да ја „засилат“ сценографијата.

Затишјето, сепак, не треба да значи дека плановите на организаторите се промениле. Ни оддалеку! Протестите во изминатите денови ги вратија сеќавањата на периодот од протестите од почетокот на 2017 година, кои кулминираа со крвавиот напад на Собранието на 27 април. И тогаш, во пресрет на тој крвав настан, речиси на идентичен начин, се организираа протести во знакот на говорот на омразата насочен кон Западот, кон граѓанското општество и, неизбежно, кон Албанците.

За „чудо“, на овие протести како да се заборави на темата „бугаризација“, па омразата се насочи кон меѓуетничките односи. Притоа, од „не“ за францускиот избор, протестите прераснаа во „НЕ за членство во ЕУ“, а секако и во повици за геноцид: Гасни комори, клетите Шиптари, чиста Македонија… И отворени закани со смрт на оние што ќе гласаат за европскиот предлог (гилотина).

Не е исклучено „затишјето“ да значи подготовка за ескалација и насилни инциденти пред, но и внатре во Собранието, особено ако европскиот предлог помине со мнозинство пратеници, како што се очекува. Ако тоа не се случи на почетокот на собраниската расправа (14 јули), инциденти и обиди за дестабилизација не се исклучени ни во блиска иднина. Рашистите имаат план кој се гледа од авион.

За време на протестите беа забележани и демонстранти со натписот „27 април“ на маиците, петтиот ден (на 6 јули) од протестите. На истиот протест за малку беше избегнат поголем инцидент кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје, кога пиштолџија, член на Алијансата за Албанците, испука четири куршуми од својот пиштол.

Иако протестите навистина изгледа дека се речиси целосно „издишани“, откако до пошироката јавност допреа пораките од меѓународната заедница и од прогресивните креатори на јавното мислење, сепак, потребна е максимална претпазливост во овој период. Политичкото насилство никогаш не е исклучено кога се работи за антизападните структури и инсталации во земјава.

Да се надеваме дека релевантните институции преземале доволно превентивни мерки да не дојде до ескалација и насилство, односно дека се подобро подготвени за да спречат повторување на „27 април“.


Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. Текстот е подготвен со помош на членовите на Колегиумот на Цивил. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ