Пораката на маицата на еден од демонстрантите гласеше „27 април“, на петтиот ден (на 6 јули) од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, каде што за малку беше избегнат поголем инциденти откако дојде до меѓуетнички судир меѓу демонстрантите и помала група на граѓани кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
Исуф Кока, беше еден од групата кај Скендербег кој испукал неколку куршуми во воздух, пришто полицијата брзо реагираше и го уапсија, а ОЈО му одреди мерка притвор.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш објави фотографија од пиштолџијата со тврдење дека целта му била да го убие токму него, меѓутоа, Мицкоски „не ја ли виде“ маицата на еден од неговите подржувачи со пораката „27 април“. Каква порака сакаше да испрати демонстрантот, во присуство на Мицкоски?
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој на почетокот на протестите најавил радикализација, пред еден ден на социјалните мрежи објавил статус „Шри Ланка да ви се деси!“.
Какви пораки се испраќаат од антиевропските протести?
Д.М.