• Latest

На Русите им е доста од пропаганда, им недостига Запад, преплашени се за својата егзистенција

July 13, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

На Русите им е доста од пропаганда, им недостига Запад, преплашени се за својата егзистенција

Некои аналитичари наведуваат дека „добар дел од населението“ се попретпазливо пристапува кон „извештаите на руските медиуми“.

July 13, 2022 15:14
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руската компанија за развој на социјалните односи (КРОС – Друштво за развој на социјалните односи) го истражуваше „националниот индекс на страв“ меѓу Русите од почетокот на војната во Украина, врз основа на студијата за социјалните мрежи и медиумското покривање, пренесува Фронтлајн.

Како што пишува хрватски Јутарњи, истражувањето било спроведено од 24 февруари, првиот ден од агресијата врз Украина, до 31 мај. Како што пишува Московски Комерсант, за Русите во моментов „празен фрижидер е пострашен од ракетите“. Тие се повеќе загрижени за нивната лична егзистенција, заканата од губење на „удобноста“, навиките и стандардите на кои се навикнати отколку за „можната нуклеарна војна“.

Според овој индекс на страв, Русите повеќе се плашат од порастот на цените (да потсетиме дека инфлацијата до крајот на годината се очекува да биде нешто под 30 проценти, а повеќето основни прехранбени производи и апарати за домаќинство се зголемија од 30 на 70 проценти во првите три месеци од војната) и дефицит на производи и услуги. И пред се на западните производи и услуги на кои се навикнати и кои станаа нивно секојдневие, а без кои останаа поради санкциите.

 

Така, недостатокот на западни брендови повеќе ги загрижува Русите отколку „ситуацијата на бојното поле во Украина“. Додуша, пишува Комерсант, Русите на социјалните мрежи ја коментираат војната или „специјалната операција“ 5,5 пати повеќе од медиумите. Некои аналитичари наведуваат дека „добар дел од населението“ попретпазливо пристапува кон „извесувањата во руските медиуми“, а им пречи и недостатокот на информации од Западот.

Сепак, интересно е што најголемото внимание на Русите, што се однесува до војната во Украина, го окупираат нападите врз руските погранични градови, а се појави и страв од „можни терористички напади“ во руските градови. Тоа повеќе ги загрижува отколку она што се случува во самата Украина.

Понатаму, според индексот на страв, веднаш по недостигот, западните санкции и изолацијата од Европа им создаваат најголема непријатност на Русите, пишува Комерсант, повикувајќи се на истражувањето на КРОС. Оттаму го изразуваат своето незадоволство од блокирањето на Фејсбук и Инстаграм бидејќи им е ограничена слободата на комуникација.

Забележливо е зголемување на „посетеноста“ на достапните социјални мрежи, а помалку луѓе сурфаат на веб-страниците на руските медиуми. Интересно е што и во 2021 година најголема фобија им била пандемијата на корона, која денес практично не ја ни спомнуваат, па социолозите велат дека на ред дошол „псевдофобијата“.

Социологот Виктор Потуремски за „Комерсант“ вели дека Русите „се приспособиле и се навикнале на животот во услови на специјална операција“, но поради војната не сакаат да ги променат своите навики и удобности, а се повеќе се загрижени за личната комоција и егзистенција која ќе се доведува во прашање поради санкциите, отколку од воените операции.

Голем број од испитаниците истакнале дека блокирањето на картичките Visa, Mastercard и American Express им предизвикува непријатност и го отежнува нормалното функционирање. Тој вели дека индексот на аклиматизација и навикнување на воената ситуација е висок, но очигледна е загриженоста за животниот стандард и стравот дека ќе мора да се откажат од многу работи на кои се навикнале, а тоа според социолозите, ќе им биде потешко отколку развојот на воените настани.

Истражувањето покажува дека Русите веруваат дека нивниот животен стандард ќе се влоши бидејќи поради санкциите повеќе нема да можат да си дозволат многу работи кои ги сметале за нормални, достапни и несомнени. Инаку, според некои истражувања, пишува московскиот деловен весник РБК, околу 60 отсто од Русите веруваат дека нивната економска состојба е полоша отколку во 2021 година, а над 65 отсто од нив се убедени дека нивната финансиска состојба дополнително ќе се влоши.

РБК наведува дека само во првите три месеци од војната, Русите останале без 10 милијарди долари заштеда, кои или морале да ги потрошат за да ја надополнат дупката во семејниот буџет или ги оставиле за „црни денови“. Пораснаа сивата економија и црниот пазар, а по падот од 75 отсто на продажбата на бела техника, побарувачката за користени производи се зголеми за две третини. Во московските трговски центри потрошувачката во јуни падна за околу 50 отсто. Над 80 отсто од Русите летово нема да одат на одмор во странство, а нешто повеќе од 50 отсто од граѓаните годишниот одмор ќе го поминат дома.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ