• Latest

Сите патишта водат во Брисел

July 21, 2022
Фото: Скриншот од видео на Times News

Доколку излезните анкети бидат потврдени, Рафал Тржасковски и Карол Навроцки ќе се натпреваруваат во вториот круг за претседател на Полска

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на France24

Раните излезни анкети покажуваат дека центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, е на пат да победи на романските претседателски избори

May 18, 2025
Фото: Претседател на Украина

Зеленски во Рим се сретна со потпретседателот на САД Венс и државниот секретар Рубио

May 18, 2025
Фото: Х

Андриј Сибига: Вечно сеќавање на невините жртви на геноцидот врз кримските Татари, должност ни е да ја вратиме правдата и да обезбедиме одговорност за сегашните и минатите злосторства кои немаат рок на траење

May 18, 2025
Фото: Х

Амбасадорката Дир: Крим е Украина, кримските Татари се народ што се спротивставува и памти

May 18, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Емпатија кон суверенот

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сите патишта водат во Брисел

July 21, 2022 11:54
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

 ДРАГАН МИШЕВ

Ако одиме според народната поговорка „по утрото денот се познава“, тогаш според почетокот на преговорите на земјава за полноправна членка на ЕУ, Северна Македонија ја очекува светла иднина во големото европско семејство. Барем ваков впечаток добив при патувањето во Брисел, заедно со поголема група новинар(к)и и членови на Владата на првата меѓувладина седница во седиштето на ЕУ. Или, како што викаше еден поранешен министер-нереализиран манекен: Ќе не биде.

Во полниот авион на релација Скопје – Брисел, владееше ведра и позитивна атмосфера, додека за време на летот премиерот Ковачевски, со соработниците Бујар Османи, Бојан Маричиќ, Артан Груби и останатите членови се движеа помеѓу новинарските екипи, застануваа и разговараа за претстојната меѓувладина седница, но и за настаните кои предходеа на изгласувањето на предлогот за отпочнување на пристапните преговори. Но покрај формалните прашања, секако одговараа и на приватни прашања кои им беа поставени од секогаш љубопитните претставници на седмата сила.

При слетувањето на бриселскиот аеродром, се соочивме со она што не очекува откако успешно ќе го завршиме скринингот и ќе станеме полноправна членка на ЕУ, а владее голем оптимизам дека тоа ќе се случи за релативно брзо време, односно, според зборовите на премиерот и владините претставници, ќе бидем ставени на „fast track“ за што побрзо успешно завршување на преговорите. Пред сè благодарение на македонската амбасада во Брисел, во Белгија влеговме како вистински граѓани на ЕУ, без проверка на пасоши, без чекање во ред за контролни и царински формалности. Од авион право во хотел. Милина.

Вечерта, со неколкумина колеги направивме кратка прошетка низ Брисел, во кои на моменти мислевме дека сме единствените намерници на бриселските улици. Мир и тишина, работливиот белгиски народ одмара за утрешниот работен ден.

Утредента, по појадокот право во ЕУ парламентот. Пешки, бидејќи бевме сместени во непосредна близина. Чудно за нашите поимања на регуларен работен ден, по улиците ја немаше нам толку добро познатата гужва од автомобили, свирење, викање, пцовки и закани за учесниците во сообраќајот кој ете, не се придржувале на вашите самовоспоставени возни правила.

Додуша очекував барем 2-3 души, македонски партиоти кои живеат и работат во ЕУ , кои во изминатиот период беа гласни на социјалните мрежи „да не се дозволи продажба на идентитетот“ да протестираат пред Парламентот на ЕУ во Брисел и да ги дочекаат македонските власти со знамиња од Вергина или (Верџинија) сеедно, со транспаренти „Никогаш Северна“, „Не за ЕУ“, „Стоп за продажба на идентитетот“ итн… Но, можеби работата (читај еврата) ги спречи да го бранат идентитетот, можеби поради многу топлото време несвојствено за Брисел, или се работи за нешто друго, не знам…

При влезот во парламентот, прво на контрола за влез, издавање пропусници и право во пленарната сала. Нашата делегација прва ја отвори меѓувладината седница, по нас следеше Албанија. Честитки пристигаа до премиерот и соработниците, од сите високи претставници на ЕУ, како и останатите присутни во салата. Се забележуваше дека тоа е навистина срдечно, како сите да беа задоволни од тоа што и Северна Македонија седна на заедничка маса со претставниците на ЕУ. На прес-конференцијата по завршувањето на првата меѓувладина седница, се обратија премиерот Ковачевски, Еврокомесарот Вархеји и претставникот на Чешкото претседателство со ЕУ. Честитки, уверување за поддршка во понатамошните преговори, повик до опозицијата за конструктивност и неколку „незгодни“ , но и по некое „суетно“ новинарско прашање, кои беа одговорени во духот на овој историски ден.

За поднесената еднострана бугарска декларација за македонскиот јазик, никој во Брисел немаше слух, премиерот зборуваше и одговараше на прашањата на македонски јазик, а на екраните во Парламентот во срцето на ЕУ пишуваше дека во тек е превод на македонски. Во тој момент се почуствував многу гордо, и посакав да им ги видам лицата на оние кои со денови беа изманипулирани и излажани дека ќе се изгуби македонскиот јазик. А за солзите „вмросници“ што да кажам, најискрено верувам дека и на вмровците им беше мило.

По завршувањето на пресот, откако беа испратени извештаите до редакциите, повторно една кратка прошетка во Брисел на 39 степени, еден од најтоплите денови во историјата на Белгија.

Работниот дел во Брисел заврши со заеднички коктел на македонската и албанската делегација, со присуство на двајцата премиери, Ковачевски и Рама, владини делагации, високи европски гости, и се разбира, новинарските екипи од двете земји. Сето тоа беше неформално, во позитивна атмосфера, се доби впечаток дека ова што се случува е нешто најнормално, најприродно, нешто што двете земји го имаат заслужено многу одамна, иако беа во европската чекаална цели 17 години. Двајцата премиери заеднички ги „распарчија и поделија“ трите торти, во облик на македонското, албанското и знамето на ЕУ, и како со ова да го означија почетокот на новата европска историја.

Во меѓувреме, помеѓу новинарските екипи се прошири твитот на лидерот на Левица, каде што новинарите кои отпатувале во Брисел ги нарекол „проститутки“, што предизвика урнебесна смеа и стана тема за подбивање во преостанатиот период од посетата. Можеби „лидеров“ треба да размисли за промена на професијата, евентуално да стане stand up комичар, ако ништо друго, барем јајца и домати ќе има во изобилие, за „уредник“ не го бива ниту ќе го биде!

Ова беше и крајот на оваа историска посета на Брисел, а заврши како и што започна – Европски, повторно без пасошки и царински контроли, од автобус директно во авион, и правец во европска Македонија…

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ