• Latest

Грковска: Од големо значење е пораката на новата амбасадорка на САД за борба против корупцијата

July 29, 2022

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба [АЖУРИРАНО]

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Грковска: Од големо значење е пораката на новата амбасадорка на САД за борба против корупцијата

July 29, 2022 12:53
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против корупцијата, владеењето на правото се приоритет број еден на нашата држава, уште повеќе во пресрет на скенирањето на преговорите што треба да ги започнеме во иднина со Европската Унија. За мене и за Владата на Република Северна Македонија од големо значење е ваквата порака на новата амбасадорка, а и ангажманот на досегашната амбасадорка на САД во нашата држава, изјави денеска вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска во одговор на новинарско прашање да ја искоментира изјавата на новата номинирана амбасадорка на САД во земјава Анџела Прајс Агелер, дека ќе помага во борбата против корумпираните актери, пренесува МИА.

– Како една од активностите на мојот Кабинет е инсистирање и давање обврска на институциите да подготват план за ризици во нивните институции за корупција и врз основа на плановите ќе направиме заеднички акциски план за тоа како да се надминуваат тие. Исто така да видиме препораки и врз основа на кој принцип и на кој начин би требало да се направи планот за ризици од корупција за наредната година за 2023 година. Меѓутоа, тоа се однесува на институционалниот аспект, а  генерално, сите оние институции за коишто независно претставуваат дел дали од законодавната, извршната или од судската власт, сигурна сум дека ќе биде во фокусот на активностите и на новата амбасадорка на САД, рече Грковска.

На вчерашното сослушување во Сенатската комисија за надворешни работи, Анџела Прајс Агелер, номинирана од претседателот Џо Бајден за амбасадорка на САД во земјава, рече дека ќе работи да ѝ помогне на Северна Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

– САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери. Доколку бидам потврдена, ќе работам на поддршка на економската иднина на Северна Македонија преку политики за зајакнување на нејзината инвестициска клима, зајакнување на инфраструктурата, подобрување на енергијата, различноста и безбедноста и на градење отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина, рече Агелер, истакнувајќи ги приоритетите на нејзината работа доколку биде потврдена за амбасадорка во Скопје.

Агелер, исто така, рече дека САД ја поддржуваат Северна Македонија во нејзината долготрајна цел за пристапување во ЕУ.

-Ние цврсто стоиме зад процесот на проширување на ЕУ затоа што го унапреди демократскиот развој и промовираше мир, стабилност и просперитет на европскиот континент, градејќи посилни стратешки партнери за САД. Северна Македонија ги надмина тешките предизвици и направи тешки избори да направи историски чекори напред на нејзиниот пристапен пат. Доколку бидам потврдена, ќе се надоврзам на овие успеси за да го обезбедам тој пат напред, рече Агелер.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ