• Latest
Една од главните критики во овогодиниешниот извештај на Репортери без граници е запрениот процес на реформи на Националниот сервис МРТВ.

Ревизија во МРТВ, утврдени недостатоци во работењето на јавното радиодифузно претпријатие

July 29, 2022

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Ревизија во МРТВ, утврдени недостатоци во работењето на јавното радиодифузно претпријатие

July 29, 2022 21:02
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Една од главните критики во овогодиниешниот извештај на Репортери без граници е запрениот процес на реформи на Националниот сервис МРТВ.

Една од главните критики во овогодиниешниот извештај на Репортери без граници е запрениот процес на реформи на Националниот сервис МРТВ.

Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија, во објавениот конечниот извештај од извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година за Македонската радио-телевизија. констатира серија неправилности и незаконитости во работењето на МТВ.

Ревизорите констатирале дека МТВ работи без стратегија и програма за работа, а платите се делат по волја на директорот. Ревизорите за одредени вработени не ги нашле ниту потребните документи со кои би се докажало дека имаат одредени квалификации за тоа работно место.

Според презентираните податоци, во 2020 година (како последна наведена во ревизорскиот извештај) од државната каса за ЈРП МРТ се издвоени 15,8 милиони евра, во 2018 и во 2019 година по 14,5 милиони, додека во 2017 година, ЈРП ја чинело државата 6,5 милиони евра, но затоа граѓаните преку радиодифузната такса уплатиле 9,5 милиони евра.

Ревизорите констатирале и дека „приходите од комерцијалните дејности претставуваат незначителен износ и имаат постојан тренд на опаѓање“. Во анализираниот период од 2015 до 2020 година, МРТ најголеми комерцијални приходи има остварено во 2016 година – 1,4 милиони евра, додека во 2020 година има остварено 550.000 евра.

Ревизорите исто така имаат и забелешки за тоа што во МРТВ со систематизација во 2020 та година е формирано одделение за радиодифузна такса со 5 вработени и покрај тоа што таква обврска за наплата повеќе не постои. Се утврдени и неправилности при јавни набавки, нема наплата на дел од стари побарувања низ годините а нема ниту попис на тоа што се поседува јавното претпријатие. Од таму им дале обемен одговор на ревизорите но и покрај тоа тие изразиле сомнеж за целокупното работење на МРТВ давајќи многу препораки за промени.

Ревизорите утврдил и дека раководството на МТВ иако со огромни долгови си изгласало измена на Колективниот договор со кој вредноста на коефициентот да се зголеми за 40 проценсти, при секое зеголемување на минималната плата. Во однос на финансискиот дел – ревизорот „се сомнева во вистинитоста на финансиските извештаи на јавното радиодифузно претпријатие“. За да биде целата ситуација уште понелогична е и фактот дека раководтсвото во телевизијата е со исчечен мандат од 2019 година и ДЗР предлага Собранието да изврши именување на членовите на програмскиот совет.

Во извештајот се  констатира дека телевизјата нема уредна документација ниту за долгот што таа го има, но и за оние кои и должат. Недостасуваат податоци за преземените мерки за наплата на побарувања кои се постари од пет години, како и можноста за нивна наплата, пишува во извештајот.

Во однос на јавните набавки, во извештајот се забележува дека по спроведените детални тестирања на постапките за јавни набавки, ревизорите утврдиле дека нема докази дека направната јавна набавка воопшто му била потребна на претрпијатието, нема ниту основни информации за тендерската документација, ниту докази дека биле земени предвид пазарните услови.

Од Заводот за ревизија порачуваат дека е потребно Собранието да именува членовите на програмскиот совет кој согласно своите надлежности би извршил избор на надзорен одбор, директор и заменик-директор за да се овозможи континуирано и законско работење на јавното радиодифузно претпријатие,

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ