• Latest
Никица Корубин

Во името на народот

July 30, 2022
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Во името на народот

July 30, 2022 09:22
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

„Народот“ е најприсутен во јавниот говор, деновиве. Сите се повикуваат на него и сите зборуваат во негово име. Иако, формално, сите се залагаат за слобода на говор и право на изразување, кога треба истото да го практикуваат, ретко тоа го прават во лично име, туку во „име на народот“. А, ако и го направат во лично име, секогаш како ултимативен финиш, завршницата на секоја дебата е „така вели народот“. Па, сите се расфрлаат со проценти, проценки и претпоставки, за „мислењето“ на народот, со една единствена цел: покритие на сопственото (несигурно) мислење. Кое или не е сопствено или не е искрено.

А, зошто некому му треба „помош од народот“ за да го искаже својот став? И како тоа, било кој поединец или организација (читај партија), би го знаела мислењето на народот? Или зошто би имала потреба да зборува „во име на народот“? Право секако нема, ама таа првична узурпација (правото), е до тој степен потрошена, што останува само голата потреба, потреба за легитимација на ставот. Кој веројатно и нема да биде толку легитимен и силен, ако зад него не стои „народот“. Затоа што деновиве, легитимацијата за сите ставови се бара „во народот“. „Народот сака“, „народот не дозволува“, „80 проценти од македонскиот народ“, „не во име на народот“ и во тој стил, паушални, ама силни (зло)употреби на еден генерички поим со свето значење: „народот“.

Но, зошто толку често „народот“, а сѐ поретко „граѓаните“, кога треба заштитен параван за сопственото мислење? Како, кога и зошто се врати „народот“ на сцена, а исчезнаа „граѓаните“? Затоа што „народот“ е компактна маса, нераздвојна, звучи патриотски; а „граѓаните“ се мешани, па лесно можеш да ги раздвоиш, посебни индивидуалци, неконтролабилни? Иако, и „граѓаните“ употребени така воопштено се всушност злоупотреба и параван, сепак, народот е најсилната и најсуштинска злоупотреба за ширење без последици на било каква форма на манипулација (фобија, говор на омраза, хистерија, јавен линч); затоа што сѐ е „во име на народот“ нели? „Не го убивајте гласникот“ тој само толкува, што „народот сака да каже“.

Оваа месијанско-авторитарна позиција на грубо злоупотребување на сите поединечни граѓани, ставени на куп во недопирливиот „народ“, е последниот рецепт за константна тензија и атмосфера на пресметка. Во современа демократска држава со парламентарна демократија, во организиран систем на владеење на правото, има поединечни граѓани, со свој сопствен став кој, доколку сакаат, го изразуваат. Во процесот на избори, правото да бираат и делегираат го пренесуваат на избраните претставници; а не правото да размислуваат. По излезноста на последните неколку циклуси, се гледа колку граѓаните се спремни да го пренесат легитимитет. Некако преполовен „народот“ од старт, а потоа и десеткуван.

И затоа, во име на слободата на говор и заштита на истата, слободно зборувајте во свое име, без заштита и без покритие, без лажен ексклузивитет, и без „одбрана на истиот“, затоа што секако на лично ниво, „народот“ е апстрактен колку што е апстрактна и лажната грижа за него. Нешто слично како и грижата за граѓаните, со таа разлика што на граѓаните како индивидуалци со сопствен став, не им треба ничија „света одбрана“. Им треба организиран и функционален систем, со права и одговорности. А, народот? Па, народот е секој од нас, колку што сме и ние дел од народот. Ама, како поединци, а не како маса.


Текстот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ