• Latest

Пендаровски: Концептот на обединета Европа ни ја дава најдобрата шанса да го заокружиме развојот на државата како современа европска република (ВИДЕО)

August 2, 2022
Јане Ѓорѓиоски

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Daily mail

Тринаесет повредени откако автомобил се заби во публиката пред фудбалски натпревар во Барселона

May 16, 2025
Фото: Влада

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта дека може да нè биде

May 16, 2025

Прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американскиот државен секретар Рубио пристигна во Истанбул на мировни преговори за Украина

May 16, 2025
Последиците од нападот со руски беспилотни летала врз Одесската област, Украина, преку ноќ на 16 мај 2025 година. Фото: Гувернер Олех Кипер/Телеграм

Во руските напади во текот на изминатиот ден во Украина загинаа 3, повредени 15 лица

May 16, 2025

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Концептот на обединета Европа ни ја дава најдобрата шанса да го заокружиме развојот на државата како современа европска република (ВИДЕО)

August 2, 2022 11:28
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По повод државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски се обрати на свечената церемонија што се одржа во Кабинетот на претседателот и во чии рамки беа доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.

Претседателот Пендаровски нагласи дека на Свети Илија го славиме нашиот најголем државен празник, затоа што, како што рече, на денешен ден, македонскиот народ и неговите сонародници ги воспоставија своите две републики – Крушевската во 1903-та и асномската во 1944 година.

-Барајќи излез од авторитарните монархии и автократските режими кои систематски го обесправувале, асимилирале и експлоатирале, македонскиот народ спасот го нашол во републиката како најправеден и најпрогресивен државен поредок. Поредок кој требало да му овозможи да има слободна, функционална политичка заедница обединета околу општото добро и јавниот интерес.Крушевскиот манифест ни ги дава контурите на Републиката за која се бореле илинденците – Република положена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера, истакна Пендаровски.

Тој додаде дека визијата за Републиката е надградена за време на Народноослободителната и антифашистичка војна во која партизаните ги обединија сите прогресивни сили во широк национален фронт. На слободните територии беа воспоставени народноослободителни одбори како никулци на идната асномска република, која по самата своја суштина беше национална и антифашистичка.

Борејќи се за една таква прогресивна антифашистичка република, како што посочи, многумина ги дадоа своите животи, меѓу нив и нашата прва партизанка, Невена Николова Георгиева-Дуња, која својот краток живот го посвети на борбата за социјална правда и национална слобода.

-Споменот за неа е толку силно врежан во нашата колективна меморија, што ако денеска ги прашаме луѓето, огромното мнозинство од нив, без задршка ќе речат дека Дуња е народен херој од НОБ. За жал, фактите зборуваат дека е направен пропуст и дека таа никогаш не била прогласена за народен херој. Затоа, во знак на благодарност, ние денешните генерации, постхумно ја одликуваме со Орден за воени заслуги, нагласи Пендаровски.

Во гпворот, осврнувајќи се на посхумното одликување и заслугите на Крсте Црвенковски, Пендаровски посочи дека тој лично сведочи дека „во одлуките на АСНОМ стремежите за сувереност и државност на македонскиот народ и Републиката се кристално јасно формулирани. – На таа основа беше заснована новата македонска република“. Како долгогодишен член на највисокото политичко и државно раководство на републичко и на сојузно ниво, Крсте Црвенковски имал можност да ја преточи во дело неговата визија за Републиката како општо добро. Третирајќи ги сојузните републики како национални држави на конститутивните народи на Југославија, Црвенковски се залагал за децентрализација на федерацијата и почитување на легитимните интереси на републиките. Неговата улога во основањето на Македонската академија на науките и уметностите, развојот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и возобновувањето на Македонската православна црква, сведочи за неговата визија за македонска република со развиено образование и наука и со автономија на културниот и духовниот живот. Бил против ригидното разбирање на партискиот моно пол, за либерализација на политиката и демократизација на државата. Доживувајќи го македонскиот мултиетнички амбиент како предност, а не како недостаток, активно се залагал за целосна еманципација и афирмација на немнозинските заедници, наведе Пендаровски.

Претседателот истакна дека славната антифашистичка генерација полека ја напушта историската сцена, како и дека се помалку меѓу нас ги има живите учесници во тие настани. За жал, наведе, низ годините на независноста сведочевме и на обиди да се релативизира значењето на НОБ, а со тоа и на делото на нашите партизани.

-Со овие одликувања ние денес на симболичен начин правиме обид за исправање на неколку историски неправди. Првата, направена со пропустот Невена Георгиева-Дуња да биде прогласена за народен херој. Втората со отстранувањето на Крсте Црвенковски од јавниот и политичкиот живот поради неговите либерални ставови и прогресивни политики. Третата со обидите да се релативизира значењето на НОБ и АСНОМ како папочна врска меѓу нашиот прв и нашиот трет Илинден, изјави Пенадровски.

Тој забалежа дека овој чин го правиме во период кога нашата држава, како што рече, по кој знае кој пат се соочува со обидите да биде негирана националната самобитност на македонскиот народ и да бидат оспорени неговите уникатни национални белези. Револтот на граѓаните, посочи шефот на државата, е оправдан, затоа што сите успеси како независна држава ги добиваме по потешкиот пат, но, не се откажуваме од стратешката цел да станеме дел од заедницата која со сите свои недостатоци, сепак, создала простор во кој луѓето се слободни и свои.

Пендаровски порача дека во рамки на нашите заложби за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, имаме цврста намера, како што рече, да ги исполниме сите услови од европските преговарачки поглавја, но, немаме намера со кого било, наместо за европски вредности да разговараме за возобновување на империјалистички концепти и идеи од минатите векови.

– Концептот на обединета Европа ни ја дава најдобрата шанса да го заокружиме развојот на Северна Македонија како современа европска република. Овие напори се жртвата на нашата генерација за нашите млади и за нивната иднина. Но, за сето ова да не биде залудно, огромна незавршена работа нè чека дома каде што треба да продолжиме да ја градиме државата како праведна и прогресивна во која македонските граѓани ќе имаат пристоен живот, добро образование, квалитетно здравство и ефикасен правен систем што ќе ги сузбива криминалот и корупцијата, рече Пендаровски.

Тој истакна дека е свесен дека кај дел од граѓаните постои стравување дека на тој пат кон Европа ќе биде цензурирано нашето историско паметење. Дека наводно веќе нема да можеме да спомнуваме против кого се бореле нашите херои. Или дека ќе треба да ги затвориме очите пред фактите за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка и масакрот на младинците во Ваташа. Дека ќе ги затвораме ушите за да не ги чуеме сведоштвата на нашите последни живи борци, на генерацијата која на своја кожа ја искуси окупацијата во периодот 1941-1944, спроведувана од профашистичката влада во Софија.

Но, кога би престанале да ја зборуваме историската вистина ние би станале соучесници во креирањето на една нова историска неправда. Токму овие одликувања се нашиот одговор на секој обид да се замолкне вистината. Историската вистина не може да се промени со договор, ниту со протокол бидејќи фактите го разобличуваат секој наметнат конструкт, истакна претседателот.

 

Пендаровски порача дека со историската вистина нема компромис, како и дека говорењето на историските факти, никогаш не било, ниту може да биде говор на омраза, потенцираше дека проектот на обединета Европа недвосмислено потврдува дека патот до автентично и трајно помирување меѓу народите води преку правдата втемелена врз вистината. Затоа, ќе продолжиме да ја зборуваме вистината и само вистината.

Не треба да чувствуваме никаков страв. Ако македонскиот народ не подлегнал на обидите за асимилација, денационализација и историски ревизионизам во периодите кога бил обесправен и немал своја држава, денес, при своја држава, шансите за такво нешто се непостоечки. А наша должност е да се грижиме нашата република, сите нејзини граѓани подеднакво да ја чувствуваат како своја татковина. Нека е за многу години Илинден! Да живее Република Северна Македонија! кажа Пендаровски на крајот од своето празнично обраќање.

М.Д.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ